MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СКОПЈЕ И ВИЕНА ВОСПОСТАВУВААТ БЛИСКИ ПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОСИ

Градоначалникот Шилегов во рамките на работната посета во Виена денеска имаше средби со Градоначалникот и Претседател на Покраината Виена д-р Михаел Хојпл.

На средбата, градоначалниците дискутираа за развојните визии на новото градско раководство, како и за идеите и праксата што Виена може да му ги пренесе на Скопје на ова поле. Исто така, на средбата беа разменети и искуства за градското зонско паркирање и паркинг просторот во двата градови.

Шилегов во текот на денешниот ден, оствари средба и со заменик- градоначалникот на Виена, Марија Василаку, која е одговорна за урбанизам и сообраќај, заштита на животна средина, енергетско планирање и учество на граѓаните во креирање јавни градски политики во Виена. На оваа средба, Шилегов и Василаку разговараа за јавниот транспорт и негово ефикасно воспоставување, за проектите на споделување велосипеди, како и за развојот на Скопје во енергетско ефикасен, зелен и паметен град.

Покрај овие две средби, градоначалникот Шилегов се сретна и со раководителот на Туристичкото здружение на Виена, Норберт Кетнер, и пратеникот на Покраинското собрание Омер - Ал Рами.

Назад   

Креиран од UserAA на 21.03.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13080271