MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ГРАД СКОПЈЕ: НЕМА ЗАБРАНИ ЗА ВОЗИЛА ОД ДРУГИ ГРАДОВИ, РАБОТИМЕ НА ОДРЖЛИВИ РЕШЕНИЈА

Градот Скопје реагира на информациите кои што се објавија на некои портали околу наводна забрана за влез на возила во Скопје од другите градови, како дел од мерките против загадувањето.

Град Скопје не планира никаква забрана за влез во Скопје со моторни возила, како што пренесоа дел од медиумите.

Имено, Градот Скопје во насока на намалување на влезот на возила во Скопје размислува за имплементирање на систем на комбиниран превоз, каде на граѓаните од внатрешноста ќе им овозможи бесплатен паркинг на влезовите во Скопје, а до својата дестинација да стигнат користејќи го јавниот превоз (железница, автобус или велосипед).

Некои проценки во јавноста говорат дека секој ден во Скопје влегуваат десетици илјади возила од градовите од внатрешноста и истите значително придонесуваат за сообраќајниот метеж во Скопје.

Овој систем на „Паркирај и вози“ (park&ride) го има во сите поголеми метрополи и станува збор за успешен модел кој што дава одлични резултати, а воведувањето на овој систем беше и дел од изборната програма на градоначалникот Шилегов на изборите во 2017-та.

Овој систем има за цел да го олесни јавниот превоз во Скопје, транспортот да биде побрз и поевтин од користење на сопствено возило, а воедно да се охрабри користењето на комбинираниот јавен превоз.

Назад   

Креиран од UserAA на 11.01.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
23.07.2018 ВТОР ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОБУКА НА ОЏАЧАРИ
31.08.2018 СЕ УШТЕ Е ОТВОРЕН ПОВИКОТ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА АДАПТИРАНИ ВЕЛОСИПЕДИ ЗА ЛИЦА СО ТЕЛЕСНА ИНВАЛИДНОСТ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 11432051