MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ТРЕТИОТ ДЕЛ НА ПАРК МАКЕДОНИЈА
 
   
 

 

 

 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседател на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаровски, денеска /29.06.2017 година/ присуствуваа на пуштањето во употреба третиот дел на Паркот Македонија, покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.

- Сакам да му упатам честитка на градоначалникот  на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за реализирањето на овој проект, во кој Град Скопје учествуваше со хортикултурно уредување на зелената површина на паркот, меѓутоа најголем дел од инвестицијата е на Општина Карпош. Со уредувањето на овој парк се доби едно навистина прекрасно и убаво катче каде што младите луѓе, па и повозрасните  во текот на денот, особено во вечерните часови ќе можат да се дружат, да се забавуваат и да уживаат во паркот.Овој парк е практично продолжување на низата од паркови којшто се направени по должината на булеварот  Митрополит Теодосиј Гологанов, почнувајќи со Паркот Македонија 1, па Паркот Македонија 2 и еве овој  Паркот Македонија 3. Град Скопје ги поддржува акктивностите на општините за градење паркови и уредување на зелените површини и во иднина ќе ги поддржувме во напорите за  зголемување на зелените површини во градот и ќе продолжиме да грдиме паркови се во интерес на граѓаните на Скопје - рече градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, истакна дека третиот дел на Парк Македонија  е со површина од околу 10. 000 квадратни метри, од кој општината партерно уредила околу 4.000 квадратни метри, а другиот дел од паркот е зеленило во коешто се засадени 75 дрвја.

Назад   

Креиран од UserAA на 29.06.2017
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12957393