MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ЧЕТВРТ СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ
  
     
  

 

 

 

Денеска и утре /27 и 28 мај/ во паркот Македонија по четврти пат се одржува Скопскиот цветен фестивал, каде и оваа година неговите посетители имаат можност да купат цвеќе и цветни аранжмани, да ја изразат својата умешност со цвеќето, да добијат корисни совети, да се дружат на отворено и да се забавуваат.

Скопскиот цветен фестивал кој што годинава се одржува под мотото „Скопје е љубов, љубов е цвет“ го отворија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ.

- Скопскиот цветен фестивал е традиционална градска манифестација која го слави цвеќето, зеленилото, природата и другарувањето на отворено. Оттука, годинава мотото на фестивалот е „Скопје е љубов, љубовта е цвет“. Оваа година на Фестивалот ќе се претстават дваесетина изложувачи на цвеќе и саден материјал кои, верувам, ќе Ве воодушеват со изложеното цвеќе и цветни аранжмани, а ќе можете да се вклучите и во интерактивните работилници, да ја покажете својата умешност во ракувањето со цвеќето, да се советувате, да научите нешто ново, да си купите цвеќе и да ги доукрасите своите тераси и градини со ново зеленило, да се дружите со своите пријатели и да поминете пријатни мигови со своите најблиски. Сакам да нагласам дека Градот Скопје во изминативе неколку години многу вложи во разубавување на јавните површини со цвеќе и со зеленило. Засадивме повеќе од 256.000 садници, а со цвеќе и цветни фигури украсивме многубројни јавни површини. Ваквата пракса на Градот Скопје ќе продолжи и во периодот што е пред нас и се надевам ќе биде пример и за другите институции и за приватниот сектор да ја чуваат, заштитуваат и разубавуваат средината во која живеат со цвеќиња и со зеленило – рече градоначалникот Коце Трајановски, на отворањето на фестивалот.

Скопскиот цветен фестивал е мултимедијална манифестација која по четврти пат на едно место ќе ги собере љубителите на цвеќето, природата, уредувањето на просторот, креативците и професионалците.

На фестивалот учествуваат голем број изложувачи, меѓу кои Флораком, Green planet, Хорти експерт, Пинар С, Хорти дизајн, Китка, Биро проект, Цвеќарница „Дамбо“, Цвеќарница „Жереми Про“, Хербалајзер, Кактус гарден, Indoor garden, Фоја, Шумарскиот факултет, СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Здравко Цветковски“, ДСУ „Лазар Личеноски“ и Аквамонт.

 

 

Во двата фестивалски дена ќе се случуваат следниве активности:

 

1. Цветни градини – изложбен простор на професионалци и ученици

2. Дизајнирање цветни површини

3. Креативни работилници

4. Уметничко катче со еко-пораки, тематски претстави, отворена гaлерија, мултимедијални перформанси, вежбање на отворено...

 

Четвртиот Скопски цветен фестивал е во организација на  Град Скопје и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

Назад   

Креиран од UserAA на 27.05.2017
ИНСТИТУЦИИ

  

НАЈАВИ
22.11.2017 ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА КУПУВАЊЕ ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
07.11.2017 ПРЕПОРАКИ ДО ГРАЃАНИТЕ И ИНСТИТУЦИИTE ВО УСЛОВИ НА НАРУШУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИEНТНИОТ ВОЗДУХ
30.11.2017 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УМЕТНИЦИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕВРОПСКАТА ИЗЛОЖБА ВО 2018

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 10304445