MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СЕ ОДРЖA „РОЛЕР ТРКАТА 2017“
 

 

 

 

Денеска под мотото „Возиме кон иднината“ се одржа „Ролер трката 2017“, во организација на Град Скопје и ЈУ „Детскиот културен центар-Карпош“.

На ролеријадата учествуваа околу 800 ученици од 28 основни училишта од Скопје и од околината.

Учесниците во ролер трката возеа од пред фонтаната Лотос цвет, па по булеварот „Илинден“ до клучката на булевар „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ и назад до стартот.

„Ролер трката 2017“ почна со женската трка на која  првото место го освои Наталија Миновска од ОУ „Ј.Х.Песталоци“, втора беше Ивана Танчин од ОУ „Гоце Делчев“, а трето место го освои Анџелика Јандриоски од ОУ „Димитар Беровски“.

На машката трка победи  Никола Новаковиќ од ОУ „Блаже Коневски“, второто место го освои Никола  Митровиќ од ОУ „Ј.Х.Песталоци“, а трет беше Никола Баџаков од ОУ „Ј.Х.Песталоци“.

Учениците коишто го освоија првото место за награда добија ролерки со заштитна опрема, пласираните на второто место добија ролерки, а пласираните на третото место заштитна опрема.

Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух и желбата за спортување на нашите најмлади.


 На Ролер трката, којашто годинава се одржи по шести пат, присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Назад   

Креиран од UserAA на 21.04.2017
ИНСТИТУЦИИ

  

НАЈАВИ
22.10.2017 ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС ЗА РАБОТЕН ПРЕСТОЈ НА УМЕТНИЦИ ВО ВАЉАДОЛИД, ШПАНИЈА

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 10127310