MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ЗАПОЧНА ДИСТРИБУЦИЈАТА НА РЕШЕНИЈАТА ЗА ДАНОК НА ИМОТ

Град Скопје ги известува даночните обврзници, дека согласно Законот за даноците на имот, започна со дистрибуција на решенијата за данок на имот за 2017 година.

Дистрибуцијата на решенијата за данок на имот за општините во Град Скопје ја врши АД за поштенски сообраќај Македонска пошта, освен за даночните обврзници во општините Карпош, Чаир и Сарај, кои самостојно вршат достава на истите.

Сите даночни обврзници кои што ги немаат подмирено обврските по основ на данок на имот за изминатите години, во прилог на решението ќе добијат и опомена.

Оваа година во самото решение е наведен адресниот податок за недвижниот имот кој е предмет на данок на имот.

Даночните обврзници кои нема да добијат решение за данок на имот или кои ќе констатираат несовпаѓање на наведената состојба во решението со фактичката состојба, со соодветна документација имаат обврска да се обратат во Град Скопје, барака 16, шалтер број 1, 2 и 3.

Плаќање на даночната обврска може да се врши на следниот начин:

 

- преку Web страната на Град Скопје, со користење на платежни картички

- преку електронско банкарство на деловните банки и

- на шалтерите на деловните банки со презентирање на решението.

 

Исто така сакаме да Ве информираме дека со Ваша регистрација на Web страната на Град Скопје WWW.SKOPJE.GOV.MK може електронски да го превземете Вашето решение, да проверите состојба на имот, да извршите увид во финансиска картица и да извршите плаќање на даночните обврски.

Назад   

Креиран од UserAA на 23.03.2017
ИНСТИТУЦИИ

  

НАЈАВИ
22.10.2017 ПОВИК ЗА ИНТЕРЕС ЗА РАБОТЕН ПРЕСТОЈ НА УМЕТНИЦИ ВО ВАЉАДОЛИД, ШПАНИЈА

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 10127338