MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

НЕМА ДА СЕ УНИШТУВА ЗЕЛЕНИЛОТО ВО ГРАДСКИОТ ПАРК, ЛУНА ПАРКОТ ЌЕ СЕ ГРАДИ НА ПОСТОЈАНАТА ПОВРШИНА

Градот Скопје ги негира наводите наведени во одредени натписи во врска со изградбата на новиот Луна Парк, каде се тврди дека за изградбата на истиот ќе се уништат над 59.000 метри квадратни.

Сакаме да ја информираме јавноста дека станува збор на невистинита информација и дека Луна Паркот ќе се протега на истата површина како и досега и нема да се завзема и уништува зеленило во Градскиот Парк.

Сакаме да ја информираме јавноста дека според деталниот урбанистички план, големината на соодветните парцели изнесуваа 84.070 квадратни метри,  додека самиот забавен парк ќе се протега на истата површина како и досега на површина од околу 24.000 метри квадратни (ДУП Централен градски парк-блок3 за урбанистичка парцела 3.1).

Вкупната проценета вредност за изградба на Луна паркот, набавката на реквизити и нивното монтирање ќе изнесува околу 400 милиони денари или околу 6,5 милиони евра.

Главниот забавен дел на паркот ќе има два адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити. Во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забавно-рекреативни содржини.

Во Луна паркот во отворениот дел ќе има влезна партија со билетарница, продавница за сувенири, ресторани, канцеларии за администрацијата, тоалети и гардероби за вработените, како и затворен мултинаменски објект со облик на школка.

Целиот простор во Луна паркот ќе биде партерно и хортикултурно уреден и ќе биде поставена урбана опрема во согласност со темите кои ги прикажува забавниот парк.

Со овие постапки, скопјани конечно ќе добијат нов, модерен забавен парк, со нова опрема и реквизити, кој не е обновен од неговата изградба во 1973 година.

Назад   

Креиран од UserAA на 21.03.2017
ИНСТИТУЦИИ

  

НАЈАВИ
18.12.2017 ОБЈАВЕН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 10410627