MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ НА ОШТЕТЕНИТЕ УЛИЦИ ВО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО ИНЏИКОВО
 
   
 

 

 

 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски, денеска /18.03.2017 година, сабота/ го посетија населеното место Инџиково, каде извршија увид на градежните работи на асфалтирањето на неколку улици.

Станува збор за 5 улици кои се асфалтираат во рамки на акцијата за санирање на оштетените улици од големата поплава што се случи во август 2016 година, каде оваа акција продолжува со стабилизацијата на временските услови.

- Градот Скопје, со одлука на Советот на Град Скопје, минатата година додели 150 милиони денари, или 2,5 милиони евра за санација на оштетената инфраструктура во сите населени места кои претрпеа штети за време на поплавите минатиот август. Минатата година започнавме со реконструкција на улиците во населените места Синѓелиќ и Стајковци, а со подобрувањето на временските услови оваа година продолжуваме со асфалтирање на преостанатите улици. Деновиве во населеното место Инџиково се асфалтираат 5 улици, кои се краци на улица „2“. Задоволен сум од интензитетот со кои продолживме со активностите за асфалтирање на овие улици, кои ги правиме со соработка со Општина Гази Баба и Владата на Република Македонија – кажа градоначалникот Трајановски.

Петте улици коишто деновиве се реконструираат во населеното место Инџиково се со различна должина, од 150 до 250 метри, а нивната вкупна должина изнесува околу 1.000 метри.

- Продолжуваме со активностите за санација на патната инфраструктура во  Гази Баба во местата кои беа зафатени со елементарната непогода. Минатата година успеавме да асфалтираме повеќе од 50 улици, додека за оваа година планираме да асфалтираме 80 улици. Покрај овие пет улици, ние работиме паралелно на санација на улицата број „10“ во должина од околу 700 метри, а започнавме и со санацијата на улица број „12“, која е во должина од околу 1.000 метри. Пред неколку денови ја завршивме втората фаза од улицата „Антон Велковски“ во н. Стајковци,а во соработка со Градот Скопје интензивно се работи и на целосна реконструкција на ул. „Алија Авдовиќ“ во Синѓелиќ – кажа градоначалникот на Гази Баба Трајковски.

На санацијата на петте улици во населеното место Инџиково работат екипите на ЈП „Улици и патишта“ и се очекува градежните работи да бидат целосно готови викендов, додека од наредната недела градежните работи ќе продолжат на оштетените улици во населените места Синѓелиќ и Стајковци.

Назад   

Креиран од UserAA на 18.03.2017
ИНСТИТУЦИИ

 

        

 


 

НАЈАВИ
16.05.2017 ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ ЗА НАЈГОЛЕМ ПРИДОНЕС ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2017 ГОДИНА

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9240859