MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПРИСТИГНАТИ 290 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА KУПУВАЊЕ ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ

На јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за купување печки на пелети кој заврши на 13.03.2017 година поднесени се вкупно 290 барања од граѓаните.

Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети е на терен и врши увид во документацијата и локациите каде што ќе бидат заменети старите печки на дрва, јаглен, нафта и мазут и ќе бидат поставени новите печки на пелети.

Овој проект е дел од мерките кои Градот Скопје ги презема заради подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух преку заеднички активности на локалната самоуправа и граѓаните.

На минатиот Јавен повик, кој беше објавен во 2016 година,  беа доделени 196 субвенции на граѓаните, за што беа издвоени 5.896.000 денари од Буџетот на Град Скопје. Поради големиот интерес кој го покажаа граѓаните за овој тип субвенции, во 2017 година во Буџетот на Град Скопје се предвидени 10 милиони денари.

Назад   

Креиран од UserAA на 17.03.2017
ИНСТИТУЦИИ

  

НАЈАВИ

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9789098