MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
ИНСТИТУЦИИ
Анкета
Дали го поддржувате продолжувањето на работното време во Старата Скопска Чаршија за еден час?



Гласај     Резултати

Времето во Скопје
22°C
Ведро
     Прогноза  |  Полен

ИЗЛОЖБА НА ГРАФИКИ ОД НАСТЕСКА, ТАНЕВСКА И ДИМОВСКА ВО ДРЕЗДЕН
Како резултат на долгогодишната плодна соработка меѓу Град Скопје и Дрезден, Р.Германија, во Уметничката куќа на Дрезден е отворена изложбата насловена како “Модерна графика од Скопје“.
 
На изложбата се поставени дела од скопските графичарки, Ивана Настеска, Тања Таневска и Соња Димовска. Благодарение на традиционалната соработка, меѓу Дрезден и Скопје, на полето на културата и уметноста, трите графичарки имаа можност по еден месец да престојуваат во Дрезден и да работат во графичката работилница на Градот.
 
На изложбата, која ќе трае до 10 мај 2007 година, се поставени осум дела на Соња Димовска, 10 на Ивана Настеска и шест на Тања Таневска. Делата на Соња Димовска се работени во техника наречена “дигитална графика“ и се дел од нејзиниот магистерски труд. Покарај делата од нејзиниот циклус наречен “Сетила“, на изложбата во Дрезден е поставена и една графика “длабок печат“, која Димовска ја работела за време на нејзиниот едномесечен престој во Дрезден во август 2005 година.
Изложените дела на Ивана Настеска се работени во комбинирана техника и носат наслов “Митски магиски слики“, кои се дел од нејзиниот магистерски труд. Настеска имаше можност да престојува и да работи во Дрезден во текот на месец март 2007 година.
Три од поставените дела на Тања Таневска се дел од нејзината прва изложба во Дрезден во 2006 година, насловена како “Од дневникот со тврди корици број 10“и се работени во техника “длабок печат-линорез во боја“. Додека другите три изложени дела се дел од нејзината работа во графичкото студио во Дрезден, за време на нејзиниот едномесечен престој во 2006 година.
 
Трите графичарки се согласни дека соработката меѓу Град Скопје и Дрезден треба да продолжи да се развива и дека ваквите едномесечни работни престои на млади графичари од Скопје во Дрезден се многу значајни.
 
- За младите графичари од Македонија е навистина многу корисно да искусат како е да се работи во една современо опремена графичка работилница, каква што е онаа во Дрезден. Би било штета ваквата соработка да не продолжи и во иднина. За време на нашата работа во графичкото ателје имавме сесрдна помош и поддршка од тројца асистенти, а техничката поддршка и материјалите за работа ни ги обезбеди Градот Дрезден – нагласуваат Димовска, Настеска и Таневска.
  
На отворањето на изложбата, кое се случи на 08.03.2007 година, во чест на прославата на јубилејот 40 години од збратимувањето меѓу Скопје и Дрезден, покрај Заменик Градоначалникот на Град Скопје, Константин Димитров, присуствуваа и Амбасадорот на Р.Македонија во Берлин, Ѓорѓи Филипов, заедно со својата сопруга, како и Заменик Градоначалникот на Дрезден.
   
   
    
         
 
Назад   

Креиран од sofka на 18.04.2007
НАЈАВИ


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 1625143