MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПРОГЛАСУВАЊЕ НА НАЈДОБРИOT ПОЛИЦАЕЦ, ПОЖАРНИКАР И КРВОДАРИТЕЛ НА ГРАД СКОПЈЕ

 

 

 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски,  денеска свечено им ги додели наградите на најдобиот пожарникар, полицаец  и крводарител на територија на град Скопје за 2016 година. За најдобар пожарникар е прогласен Ѕвонко Стојановски, спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје,  најдобар полициски службеник за 2016 година е Марјан Димитриевски, вработен во  Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба”- Скопје, а за најдобар крводарител е прогласен Љупчо Велковски.

- Град Скопје традиционално  ја доделува наградата за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител на територија на град Скопје за тековната 2016 година. Наградата е парична и изнесува 10. 000 денари, a ги наградуваме најпожртвуваните, најхрабрите и најхуманите со цел да ги поттикнеме граѓаните на Скопје и тие да станат пожртвувани, храбри и хумани. Сакам да им честитам на наградените за  постигнатиот успех и да им порачам и во иднина да бидат добар пример за своите колеги и сограѓани,истакна градоначалникот Трајановски.

Најдобар пожарникар за 2016 година е Ѕвонко Стојановски- спасител  во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, има 27 години стаж, а во текот на  изминатата година се истакнал со особено ефикасно и успешно работење. Имено, во рамките на неговата работа учествувал во гаснењето на над 50 пожари и технички интервенции и придонел за намалување на материјалните штети и за спасување на човечки животи.

Најдобриот полицаец за 2016 година е Марјан Димитриевски, вработен во  Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба”- Скопје, има 24 години стаж,  а во изминатата година остварил надпросечни резултати и пожртвувано ги извршувал службените задачи.

Најдобриот крводарител, Љупчо Велковски, досега во изминатите години има 120 дарувања крв и  редовно 4 пати годишно дарува крв со што треба да претставува пример и поттик за сите млади дарители чија мисија е да спасат човечки живот.

Назад   

Креиран од UserAA на 26.12.2016
ИНСТИТУЦИИ

 

        

 


 

НАЈАВИ
16.05.2017 ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ ЗА НАЈГОЛЕМ ПРИДОНЕС ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2017 ГОДИНА
31.03.2017 ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9107411