MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПРОГЛАСЕНИ НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТКИ И СПОРТИСТИ, ТРЕНЕР И СПОРТСКА ЕКИПА НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2016 ГОДИНА
  
     
  

 

 

 

Денеска /22.11.2016 година, четврток/ во салата на Советот на Град Скопје беа прогласени најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, за 2016 година.

Традиционално и оваа година Градот Скопје и Сојузот на спортски федерации на Македонија ги наградуваат најдобрите спортисти на Скопје за 2016 година, односно се избираат најуспешните 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешните 5 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.

На свеченоста се обрати Јован Лазарев, член на Советот на Град Скопје и претседател на Комисијата за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје, и доделување на награди и признанија, кој го образложи целиот процес на носењето одлуки на оваа Комисија.

Дел од признанијата за најдобрите спортисти ги додели градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

- Ви честитам за трудот и залагањето во постигнувањето на вашите резултати, достигнувања што во континуитет ги афирмираат главниот град и Република Македонија. Чувствувам гордост, што како Градоначалник на Град Скопје денеска имам чест да Ве поздравам и да Ви честитам на вас спортистките и спортистите, тренерите, спортските работници и екипите што постигнавте завидни резултати на најсилни европски и светски натпревари, претставувајќи го достоинствено Градот Скопје и Република Македонија како најпродуктивните можни амбасадори. Градот Скопје и натаму ќе дава поддршка – финансиска, логистичка и морална, со цел и натаму да се радуваме и да ги славиме и идните спортски успеси – кажа градоначалникот Трајановски.

Покрај градоначалникот Трајановски, дел од наградите ги доделија и Јован Лазарев, член на Советот на Град Скопје, Александар Бичиклиски, член на Советот на Град Скопје и претседател на комисијата за спорт при Советот на Град Скопје, Марјан Спасески, директор на Агенцијата за млади и спорт, Алајдин Алија, член на Советот на Град Скопје и Наташа Илиевска-Јордановска, претседател на Сојузот на спортски федерации на Македонија.

Спортисти на годината на Скопје за 2016 година се:

 

НАЈУСПЕШНИ 10 СПОРТИСТИ ВО СЕНИОРСКА КАТЕГОРИЈА (МАЖИ И ЖЕНИ)

1. Томи Стефановски – Пливачки клуб Бета

Шампион во генерален пласман во далечинско и маратонско пливање на FINA Гран При серија и победник на „Охридскиот Маратон 2016“.

2. Филип Панчевски - Шаховски клуб Алкалоид

Европски шампион со шаховскиот клуб Алкалоид на Европското клубско првенство во Нови Сад, Србија.

3. Милан Кубин – Кик боксинг клуб Гладијатор

2 место во „Лоу Кик“ на Европско првенство за сениори во Лутраки, Грција.

4. Сара Ристовска – Женски ракометен клуб Вардар

3 место на FINAL FOUR турнирот во Будимпешта во Лига на Шампиони 2015/2016, член на сениорската репрезентација на Македонија која обезбеди бараж за настап на Светско првенство во 2017 година.

5. Наташа Стефановска – Карате клуб Макпетрол

5 место во Кумите во категорија до 61 кг. на Европско првенство во Монпеље, Франција.

6. Стојанче Стоилов  – Ракометен клуб Вардар

Учесник на Лигата на Шампиони 2015/2016 и со својот клуб влезе во осумте најдобри европски клубови, капитен на Македонската сениорска репрезентација која ќе учествува на Светско Првенство во Франција во Јануари 2017 година.

7. Енес Смаилагиќ – Карате клуб Цветан Димов

7 место на Европско првенство за сениори во Монпеље, Франција и 1 место на Балканско првенство за сениори во Истанбул, Турција.

8. Дарко Велковски - Фудбалски клуб Вардар

Учесник со клубот во Лигата на Шамиони на UEFA во второто квалификациско коло, освојувач на шампионатот на Македонија за сезона 2015/2016, член на сениорската репрезентација на Македонија и со младинската репрезентација на Македонија У21, се пласира на Европското првенство за младинци У21 во Полска 2017 година.

9. Гоце Јанески – Боксерски клуб Аперкат

Освојувач на Златен Гонг Скопје 2016 и 2 место на Златна Ракавица, Србија.

10. Бобан Грнчаров – Фудбалски клуб Вардар

Учесник оваа сезона во Лигата на Шампиони на UEFA во второто квалификациско коло, освојувач на шампионатот на Македонија за сезоната 2015/2016 и еден од најдобрите одбранбени играчи во домашното првенство.

 

НАЈУСПЕШНИ 5 СПОРТИСТИ ВО МЛАДИНСКА КАТЕГОРИЈА (МАЖИ И ЖЕНИ)

1. Азис Исмаил – Карате клуб Металург

3 место во категорија до 75 кг на Европско првенство за јуниори У21 Лимасол, Кипар.

2. Моника Пендароска – Карате Клуб Макпетрол

3 место во категорија до 53 кг на Европско првенство за јуниори У21 Лимасол, Кипар.

3. Елмедин Сејфулау - Боречки клуб Лирија 2010

5 место во слободен стил на Европско првенство за јуниори У20  Букурешт, Романија.

4. Ељиф Елмас – Фудбалски клуб Работнички

Учесник во Лига Европа на UEFA и стигнува до четврто квалификациско коло, член на младинската репрезентација на Македонија У21, со која се пласира на Европското првенство за младинци У21 во Полска 2017 година.

5. Абреша Реџепи – Џудо клуб ИПОН

3 место на Европски Куп за кадети и јуниори во Букурешт, Романија.

 

НАЈУСПЕШЕН ТРЕНЕР

Раул Гонзалес – Ракометен клуб Вардар

Освојувач на Шампионатот на Македонија 2015/2016 година, освојувач на Националниот Куп на Македонија 2016 година, три години по ред меѓу најдобрите 8 европски клубови во ракометната Лига на Шампиони и Вицешампион на SEHA Лигата за сезона 2015/2016 година, со тенденција за во новата сезона во Лигата на  Шампиони со својот клуб да влезе во најдобрите четири клубови во Европа на турнирот во Келн, Германија.

 

НАЈУСПЕШНА СПОРТСКА ЕКИПА ОД СКОПЈЕ

Шаховски клуб Алкалоид

Европски Шампиони на Европското клубско првенството во Нови Сад, Србија.

 

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ - СТРАНЕЦ КОЈ НАСТАПУВА ВО ЕКИПА ОД СКОПЈЕ

Амондин Лејно – Женски ракометен клуб Вардар

Една од најдобрите европски  и светски голмани и со својот клуб го освојува 3 место на FINAL FOUR турнирот на Ракометната Лига на Шампиони во Будимпешта, Унгарија сезона 2015/2016 година.

 

НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ ВО КАТЕГОРИЈАТА НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Трајче Стојановски – Здружение на лица со телесен инвалидитет на Скопје  МОБИЛНОСТ СКОПЈЕ

Еден од најуспешните спортисти кај лицата со телесен инвалидитет, Државен првак на Македонија во пинг-понг во класа 3 колички.

Назад   

Креиран од UserAA на 22.12.2016
ИНСТИТУЦИИ

 

        

 


 

НАЈАВИ
16.05.2017 ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ ЗА НАЈГОЛЕМ ПРИДОНЕС ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА 2017 ГОДИНА
31.03.2017 ОДОБРЕНИЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9107395