MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА КУПУВАЊЕ ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ

Од денеска  /12.10.2016/  почнува пријавувањето за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето  на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 година.

 

Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Град Скопје, кои ќе купат печка на пелети за затоплување на својот станбен простор по денот на објавување на овој јавен повик и ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото за надоместок.

 

Пополнет образец за барање, кој содржи и изјава дека барателот нема искористено право на надоместување средства за купување печка на пелети, на друг јавен повик од кој било извор во Република Македонија. Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Град Скопје на следниов линк  JАВЕН ПОВИК.

 

Купувачот на печка на пелети своето барање за искористување на правото за надоместување на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Градот, секој работен ден од 09:30 до 15:00 часот.

 

Градот Скопје, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 30.11.2016 година

  

Назад   

Креиран од UserAA на 12.10.2016
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13080343