MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

13.04.2016

Градот Скопје ја продолжува традиционалната пролетна акција за доделување садници на заинтересирани куќни совети и урбани месни заедници, на коишто  ќе додели 2 000 дрвца (листопадни и зимзелени) од ЈП „Паркови и зеленило“. Садниците коишто ќе ги додели Градот Скопје ќе бидат стручно засадени од вработени лица во ЈП„Паркови и зеленило“.

Заинтересираните куќни совети и месни урбани заедници треба да поднесат барање за доделување садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје, булевар Илинден бр. 82. Субјектите во барањето треба да го наведат бројот на садниците што бараат да им се доделат и точната локација на којашто планираат да ги засадат дрвцата. На барањето треба да стои печат од куќниот совет или од  месната урбана заедница.

На куќните совети и на месните урбани заедници на коишто ќе им бидат одобрени барањата, во оваа акција ќе им се доделат  најмногу 10 (десет) садници.

Барањата за добивање садници до Секторот за комунални работи на Град Скопје може да се доставуваат од 4 до 13 април 2016 година, а од 15 до 27 април  субјектите ќе може да ги подигнат решенијата за  доделените садници.

Акцијата на Град Скопје за доделување садници се организира  веќе девет години во две етапи, односно напролет и наесен.

Назад   

Креиран од UserAA на 01.04.2016
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.06.2019 РАСПИШАН ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12614482