MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПРОМОВИРАНИ НОВИТЕ ЕЛЕКТРОМОБИЛИ И ЕЛЕКТРОТРОТИНЕТИ ЗА ТУРИСТИЧКО РАЗГЛЕДУВАЊЕ
 

 

 

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП “Градски Паркинг”, Борче Јакимовски денес /04.10.2015, недела/ ги промовираа новите електромобили и персонални транспортери - електротротинети за изнајмување.

- Станува збор за 7 нови електромобили и 5 нови електротротинети кои ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните и ќе служат за туристичко разгледување на знаменитостите во центарот на градот. Изнајмувањето на овие возила ќе се врши на пунктот на “Градски паркинг” на плоштадот „Македонија“, каде изнајмувањето на електромобилите ќе се врши по цена од 50 денари за билет, додека цената за изнајмување на електротротинетите е 100 денари од час, кажа Трајановски.

Новите електромобили имаат ретро изглед и истите имаат по 4 места за седење, каде со едно полнење истите можат да поминат од 50 до 70 километри.

- За набавката на електромобилите ЈП „Градски паркинг“ вложи околу 6 милиони денари, без ДДВ, додека за набавката на 5-те електротротинети околу 1,9 милиони денари, без ДДВ. Електромобилите и електротротинетите се подготвени и веднаш ќе може да се користат од страна на посетителите, изјави директорот Јакимовски.

Покрај новите електровозила, на сите посетители за туристичко разгледување на градот на располагање им стојат и дополнителни 5 електромобили и 10 електровелосипеди кои Град Скопје ги набави во 2014 година.

Ова е само еден од проектите коишто Градот Скопје ги реализира во насока на унапредување на електромобилноста во Скопје. Градот Скопје годинава набави 5 електроскутери за потребите на администрацијата, со што стана прва локална самоуправа во Република Македонија која што набави ваков вид на возила. Со ова е направен првиот директен чекор кон електромобилност во Скопје со примена на нови технологии, движење со нула емисии на штетни издувни гасови, почиста и поздрава животна средина и намалување на трошоците за одржување.

За потребите на сопствениците на електромобили во функција се две станици за полнење електрични возила, во катните гаражи „Македонска фаланга“ и во катната гаража „Тодор Александров“. 

Градот Скопје посветено работи на промоција на електромобилноста во градот и ги охрабрува и другите локални самоуправи и јавни институции да набават електромобили и активно да придонесат за поздрава и почиста животна средина.

Назад   

Креиран од UserAA на 04.10.2015
ИНСТИТУЦИИ

 

        

 


 

НАЈАВИ

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 8848701