MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СЕ ОДРЖА AКУСТИК СКВЕР ФЕСТИВАЛ 2015

 

На летната сцена на платото пред конгресниот центар Александар Македонски викендов се одржа четвртото издание на манифестацијата Акустик Сквер Фестивал 2015, како дел од програмата за култура на Град Скопје.

Во пријатна атмосфера со своето музицирање се претставија повеќе млади солисти и групи, меѓу кои беа и учениците на гитарската школа „Енсо“ како и ученици и професори од музичкото училиште „Кредо“.

Фестивалот го отвори Оливер Јаниќиевиќ , млад гитарист, кој со својата интерпретација на неколку безвремени гитарски композиции  одлично ја поведе публиката низ оваа музичка приказна. Потоа на бината му се придружи Кристијан Христов, со кого во дует изведоа репертоар со силно влијание од нашиот автентичен етно-звук.

Публиката веќе беше расположена кога на бината се појави еден вистински млад виртуоз -  Трајче Димов кој со своите вештини на класичната гитара успеа да ги воодушеви и најголемите критичари.  Димов беше воедно третиот и последен учесник од гитарската школа „Енсо“.Следни на сцената се качија младите рокери „КОЛТ“ кои настапија со неколку авторски нумери и покажаа вистински рокерски жар при нивната изведба.

Потоа сцената беше отстапена на „Кредо“ бенд, 7-члена група составена од ученици и професори во склоп на музичкото училиште „Кредо“. „Кредо“ бендот по само неколку отсвирени ноти успеа да создаде исклучително пријатна атмосфера во која видно уживаа и музичарите и публиката. Веднаш потоа на бината останаа тројцата професори при музичкото училиште „Кредо“ кои кулминативно го затворија фестивалот, воодушевувајќи ја публиката за време на секоја од изведените нумери. 

Акустичарскиот Сквер Фест 2015  обезбеди пријатна атмосфера за присутната публика која видно уживаше во музиката, а исто така уживаа и музичарите кои настапија.

Овој фестивал во организација на Конгресниот Центар „Александар Македонски“ под покровителство на Град Скопје и оваа година направи симболичен чекор кон создавање можности за промоција на младите и надежни музичари од нашава земја.

Назад   

Креиран од UserAA на 16.09.2015
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12085433