MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
ИНСТИТУЦИИ
Анкета
Дали го поддржувате продолжувањето на работното време во Старата Скопска Чаршија за еден час?



Гласај     Резултати

Времето во Скопје
22°C
Ведро
     Прогноза  |  Полен

ОД ДЕНЕСКА СКОПСКОТО КАЛЕ СТАРО - НОВ АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ
Екипи на Музејот на Град Скопје, Музејот на Македонија и Институтот за археологија и историја на уметност при Филозофскиот факултет во Скопје, денеска почнаа да вршат археолошки ископувања на скопското Кале.
 
На археолошките ископувања работат околу стотина археолози, документатори и студенти по археологија, распоредени во седум сектори, најголем број од Институтот за археологија, мал дел се општи работници, а истражувањата се реализираат преку Музејот на Град Скопје, во чија надлежност припага скопското Кале.
 
Како што ни изјави м-р Кире Ристов, археолог и раководител на секторот шест на Музејот на Град Скопје, археолошкото истражување на локалитетот Кале во Скопје е проект на Владата на Република Македонија, а годинава ќе се изведува во две фази, пролетна и есенска, во времетраење од по три месеци. Целта на проектот „Скопската тврдина Кале-археолошки истражувања, конзервација и реставрација на југо-западните бедеми и кули“ е активирање на локалитетот со комплетно решавање на неговата стратиграфија, односно хронолошка позиција. Со истражувањето што ќе го спроведат седумте сектори распоредени на целата територија од внатрешниот дел на бедемите на калето, не само што ќе биде исполнета целта на проектот туку ќе се добијат и предиспозиции или првични сознанија за реставрација на бедемите што се определени да бидат реконструирани во првата фаза, ни изјави Ристов.
 
Музејот на Град Скопје очекува со еден ваков проект да се заштити локалитетот, да се вообличи научната целина за Калето, но истовремено скопската тврдина да стане и туристичка атракција на Скопје. Последен пат, археолошки истражувања на Калето се направени во далечната 1967 кога всушност се разоткриваат неговите бедеми.
 
И покрај ангажманот околу археолошките ископувања на тврдината Кале, Музејот на Град Скопје продолжува со тековните активности, па така уште вечерва во 20 часот, во Отвореното графичко студио свечено ќе биде отворена изложбата „ПБ“ на Билјана Јовановска, а во истовреме во музејот ќе биде промовирано и мултумедијалното цеде „Македонска културна ризница“ во продукција на „Каламус“. Цеде – ромот ќе го промовираат митрополитот Методиј Златанов и професор д-р Иван Џепаровски.
 
 
   
 
 
Назад   

Креиран од sofka на 15.03.2007
НАЈАВИ


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 1625146