MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, денеска /17.11.2014 година/ го промовираа системот за поставување подземни  контејнери за одлагање комунален отпад на булеварот Јане Сандански, пред ТЦ „Три бисери“.

 

-       Денеска почнаа градежните работи за инсталирање систем за поставување подземни контејнери за одлагање комунален отпад на територијата на општина Аеродром, што е дел од втората фаза на проектот за поставување Систем за подземни контејнери. Во рамките на оваа фаза ќе бидат поставени подземни контејнери на девет микро-локации, односно по три контејнери на три-микролокации во секоја од општините: Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. На 3 локации во општината Аеродром ќе се поставуваат вкупно 9 подземни контејнери, од фирмата АТРИКОТ од Република Словенија. За реализација на овој значаен проект се издвоени вкупно 6,6 милиони денари, од кои секоја од трите вклучени страни издвојува по 2,2 милиони денари, односно подеднакво инвестираат Градот Скопје, општината Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“. Со овој проект за поставување подземни контејнери во втората фаза се опфатени 3 општини, а бидејќи проектот е прифатен од граѓаните заради големите придобивки, планираме оваа активност да се прошири и во другите скопски општини – истакна градоначалникот Трајановски.

 

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи ги информира присутните дека овој систем за складирање отпад е посовремен од претходниот, изменет е дизајнот на надворешните кутии и има поголема заштита на контејнерот за ПЕТ амбалажа, и се надева дека за неколку години градот Скопје ќе има лик на вистинска метропола.

 

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски истакна дека со поставувањето на подземните контејнери  на трите локации во неговата општина, кај ТЦ „Три бисери“, кај ТЦ „Бисер“ и во населбата Лисиче, во близина на ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе  се придонесе за поголема хигиена во општината.

 

Подземните контејнери имаат зафатнина од 3 кубни метри, во нив отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќајќи слободна површина над земјата. Празнењето на подземните контејнери е на хидрауличен погон, за што ќе се употребуваат три од постојните возила на ЈП „Комунална хигиена“, коишто се специјално надградени за оваа намена. Системот за собирање на комуналниот отпад во подземни контејнери е исклучително софистициран и успешен и веќе подолг период се применува во светски рамки, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните и природната околина.

Назад   

Креиран од UserAA на 17.11.2014
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12839050