MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СЕ ГРАДИ ФЕКАЛНИОТ КОЛЕКТОР ЗА НАСЕЛБАТА СОНЧЕВ ГРАД

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на Oпштината Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и градоначалникот на Oпштината Сопиште, Стефче Трпковски денеска /07.11.2014 година/ на крстосницата меѓу булеварите Србија и Видео Смилевски Бато извршија увид на градежните работи за изградба на фекалниот колектор за населбата Сончев град.

- Колекторскиот систем ќе се протега од реката Вардар до населбата Сончев  Град и ќе ги поврзе општините Сопиште, Кисела Вода и Аеродром. Станува збор за мрежа од 13 километри, инвестиција во висина од 5 милиони евра од кои дел ќе ги обезбеди Министерството за транспорт и врски, а дел ќе се обезбедат преку Програмата за рурален развој – рече денеска министерот Јанакиески.

Градоначалникот Коце Трајановски појасни дека овој колекторски систем е од огромно значење за граѓаните на Скопје и за животната средина.

-        Овој проект не е целосно завршен, имено, направена е техничка документација за делот каде што завршува системот, од Сончев град, па се до  пред булеварот АСНОМ. Но, веќе од градот Скопје, преку ЈП „Водовод и канализација“ е направен проект за продолжување на овој фекален колектор, по булеварот АСНОМ, од булеварот Србија се до препумпната станица. Преку Министерството за животна средина т.е. Владата на Република Македонија, веќе е објавен тендерот и е во фаза на евалуација. Се надеваме дека најдоцна за еден месец ќе биде избран проектант на техничката документација на колекторски систем од 90 километри во Градот Скопје, кој ги вклучува колекторот по булеварот АСНОМ и другиот, од другата страна на Вардар, од Ќерамидница, па се до пречистителната станица во Трубарево. Но сепак, приоритетен ќе биде колекторот по булеварот АСНОМ. Овој проект е плод на добрата соработка меѓу министерството, општините и Градот Скопје – изјави градоначалникот Трајановски.

Назад   

Креиран од UserAA на 07.11.2014
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13103968