MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПАРК НА 100 ДРВЈА НА БУЛЕВАРОТ МИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ

Градоначлникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, денеска /05.09.2013 година (четврток)/ го најавија почетокот на уредувањето на новиот Парк на 100 дрвја, што ќе никне на  локацијата помеѓу булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Народен фронт.

- Градот продолжува да го зазеленува Скопје, и на овој простор што е со површина од 3 900 квадратни метри, ќе изврши реконструкција на зелената површина, ќе  подигне нов тревник во кој ќе се постави систем за полевање со 60 прскалки, ќе се отворат 8 нови шахти, како и систем капка по капка до сите новозасадени садници. Во паркот ќе се засадат нови листопадни садници од видовите платани (platanus orientalis), јапонска цреша (prunus serulata), црница (morus alba), јавор (acer negundo), планинска пепел (sorbus aucuparia), како и зимзелени садници од видовите туја (tuja), чемпреси (cupresociparis) и смреки (picea). Во изминатиот период нашите екипи засадија околу 50 000 садници и подигнаа тревници на 250 000 квадратни метри на различни локации, што ја измени сликата на градот и придонесува за подобрување на животната средина на скопјани, а се надевам дека и овој нов парк, за кој од Буџетот издвоивме околу 3,7 милиони денари, ќе ги мами жителите од околината да излезат и да се рекреираат - истакна градоначалникот Трајановски.

Во новиот парк ќе има и алпинетум (каменестa градинa) со засадени садници, перени и сезонско цвеќе, а се планира да биде поставен и еден летниковец.

На уредувањето на паркот на терен ќе работат екипите на ЈП „Паркови и зеленило“.

Назад   

Креиран од UserAA на 05.09.2013
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13221270