MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ДО 2016 ГОДИНА „ДРИСЛА“ ЌЕ СТАНЕ МОДЕРНА ЕВРОПСКА ДЕПОНИЈА

До 2016 година депонијата „Дрисла“ ќе стане модерна европска депонија и ќе работи по стандардите на италијанската депонија „Белведере“.

Според планот, во „Дрисла“ ќе се носи отпадот, ќе се селектира и ќе се трансформира во енергија или гориво и репроматеријал, секундарна суровина, со што драстично ќе се намали количеството отпад што трајно ќе биде одложуван на депонијата и ќе има поголема искористеност на повторно обновливите делови.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, при денешната посета на Фиренца, Италија, потсети дека во јануари годинава Градот Скопје со конзорциумот составен од FCL AMBIENTE SRL и UNIECO SCC COOP од Италија потпиша договор за заедничко вложување во Јавното претпријатие депонија „Дрисла“ – Скопје, со цел вршење концесиска дејност во траење од 35 години. Оваа компанија треба да изврши санирање на постојната депонија „Дрисла“, отплинување на депонијата и да направи нови секции или ќелии во кои ќе биде депониран отпадот од кој понатаму ќе се произведува енергија. Ќе се изгради и постројка за третирање градежен шут и компостара. 

- Она што Град Скопје ќе го добие е 20 отсто од профитот во претпријатието „Дрисла“. Според студијата направена од страна на Светска Банка и понудата на ФЦЛ Амбиенте, се предвидува да има профит од околу 5 милиони евра годишно или околу 1 милион евра за Град Скопје. Втората погодност што е многу значајна е тоа што ќе го третираме отпадот од неговото собирање се до депонирањето, на еден современ и европски начин - изјави градоначалникот Трајановски, по посетата на депонијата „Белведере“.

Доменико Ферацоли, претседател на ФЦЛ Амбиенте, рече дека нивната цел e да се изведе еден нов модел на управување со отпадот.

- „Дрисла“ ќе биде претворена во еколошки парк. Скоро една третина од отпадот во Скопје ќе биде трансформиран во енергија што е доволно за да се употреби за работа на една цела фабрика - рече Ферацоли.

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова, денеска објасни дека за изградба на нови постројки на депонијата „Дрисла“, МЖСПП подготвило клучни документи, Стратегијата за управување со отпад во Република Македонија 2009-2015 и Плановите за управување со отпад, како на државно, така и на регионално ниво и Студијата за медицински отпад која, како што рече, придонесе да може да се реализира првиот клучен проект, постројката за медицински отпад која исто така ќе биде лоцирана на депонијата „Дрисла“.

- „Дрисла“ ќе биде првата депонија која ќе врши интегрирано управување со отпад на Балканот, каде што сите сегменти ќе бидат на едно место, ќе заштедува ресурси, време и средства. Останатите депонии ќе ги реализираме со концесионирање и со ИПА средства. Се прават плановите за североисточниот и источниот регион и таму дефинитивно ќе се знае која депонија ќе почне да се гради со средства од ЕУ - рече Лепиткова. 

Вкупната инвестиција за трансформирање на ЈП „Дрисла“ ќе изнесува околу 80 милиони евра, а вложувањето на средствата е планирано да се изврши во период од три до четири години.

Назад   

Креиран од UserAA на 08.07.2013
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12983318