MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПРОГРАМА ЗА "БЕЛА НОЌ 2012"

БЕЛА НОЌ 06. 10. 2012 (сабота)

 

Музеј на град Скопје / 20:00

 ‘60ти; “СВЕТОТ, СКОПЈЕ И СКОПЈАНИ”

Изложба на дела, лични предмети и приказни

 Автори: Јован Ивановски и Ана Ивановска

Учесници и реализатори: Паолина Милушева, Биљана Темелковска, Елеонора Поповска, Александар Врангалоски, Стефан Маџовски, Бисера Крцковска, Наталија Зафироска, Марјан Димиќ, Ивана Топаловска

Поздравен говор на Градоначалникот на Град Скопје, Г. Коце Трајановски

Отворено Графичко Студио

Изложба на дела од колекцијата на Отвореното графичко студио / 20:00

Музичка програма: ДЈ Мице, 20:00 – 22:00

            

Плоштад Македонија / 12:00

КОЦКОЦИКЛ - Ексклузивна презентација на eкспонат (Коцкоцикл) на Центарот за промоција на науката од Белград

Што е Коцкоцикл? Тоа е всушност велосипед со квадрати/коцки наместо тркала. Изложен и подготвен за возење овој експонат ги разубедува сите неверници дека ваков тип на велосипед може да се движи, доколку се изгради соодветна патека.

 

Панели на Плоштад Македонија / 19:00

Улична уметност

Цртање на графити

Reser (Торино, Италија)

 

Плоштад Македонија / 21:00

”Место каде сакам да бидам“ – урбана визуелна приказна за СКОПЈЕ

Мултимедијален перформанс - пантомима и театар на сенки на група македонски уметници (за прв пат воопшто во историјата на Белата ноќ, по сценарио и реализација на македонски уметници, актери, кореографи, режисери, танчери, дизајнери, акробати, музичари...

Приказната ја раскажаа:Кренаре Невзати – Кери, Викторија Рангелова – Петровска, Павле Игновски, Војо Цветановски, Влатко Зафирковски, Раде Василев, Александар Пејовски, Наталија Теодосиева, Симона Спировска, Ангела Димитрова, Александар Михајловски, Марко Богдановски, Бојан Лазаров, Дарја Ризова, Фросина Антоновска, Томе Станковски, Мето Јанакиевски, Стефан Дукиќ, Симон Симоновски, Александар Атанасовски, Владо Стојановски, Кристијан Столевски, Жарко Лукиќ, Драган Алексов...

 

Плоштад Македонија/ 22:00

Настап на DJ Ado

Плоштад Македонија / 22:00

“Идентитет”, Ана Лазаревска

Уличен перформанс

 

Градски трговски центар / 20:00

”Пат на воинот. Пат кон мирот”

Промоција на оригинална јапонска боречка вештина АИКИДО

 

Градски Трговски Центар (скали, главен влез) / 00:00

Полноќна модна ревија на долна облека – модно студио Црнокрак

 

Градска плажа (Камен мост) / 22:00

“Galactic Skopje” – Музички фестивал на транс музика

Galactic explorers – LIVE + DJ sets: Djantrix & Kox (G.E.N Records)

Special: Juggling & Fire performances, UV decoration, Laser show

 

Дом на АРМ (Галерија ДЛУМ) / 20:00

’70ти: “СУБ – КУЛ – ТУРИСТИ”

Групна изложба на дела, лични предмети и приказни

Ко-куратори: Милош Коџоман и Симон Узуновски

Учесници и автори: Милош Коџоман, Драгољуб Бежан, Симон Узуновски, Симон Шемов, Кирил Варошанец, Ангел Димовски - Чауш, Драган Никодиновски Биш, Владимир Шопов, Дарко Марковиќ

 

Спомен куќа на Мајка Тереза / 20:00

Танц перформанс “OCCHI” (Очи)

Танц перформанс на италијанскиот уметник Andrea Giallo Rosso

 

Младински културен центар / 20:00

‘90ти: “МАКЕДОНСКА ЛИКОВНА УМЕТНОСТ 1990-2000: ЕУФОРИЈА”

Групна изложба на дела, лични предмети и приказни

Ко-куратори: Жанета Вангели и Славица Јанешлиева

Учесници и автори: Елизабета Аврамовска, Ристо Аврамовски, Мирна Арсовска, Ибрахим Беди, Жанета Вангели, Искра Димитрова, Борјан Зафировски, Отец Методиј Златанов, Дејан Ивановски, Христина Иваноска, Зоран Јакимовски, Славица Јанешлиева, Роберт Јанкуловски, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Маргарита Киселичка, Рубенс Корубин, Димитар Малиданов, Благоја Маневски, Антони Мазневски, Вук Митевски, Моника Мотеска, Оливер Мусовиќ, Гоце Наневски, група ОПА (Опсесивно Посесивна Агресија), Станко Павлески, Ирена Паскали, Нада Прља, Дијана Томиќ-Радевска, Исмет Рамичевиќ, Денис Сарагиновски, Анета Светиева, Александар Станкоски, Валентина Стевановска, Слободанка Стевчевска, Игор Тошевски, Никола Узуновски, Ладислав Цветковски, Јане Чаловски, Виолета Чаповска, Јован Шумковски

Проекции на компилација на македонско видео од Жанета Вангели (2006), Џепно кино, Младински културен центар, 20:00

Музичка програма на Tiiiit! Inc. “Скопје у 90-ти“ / 23:00

DJ сет на Мирко Попов / 02:00

               

Кино Милениум / 12:00

24 часовен бесплатен Филмски маратон

Редовниот репертоар на Кино Милениум, вклучително и домашниот мега хит “Трето Полувреме”.

 

Кино Фросина / 12:00

24 часовен бесплатен филмски маратон

Ревија на европски филмови, вклучително и филмовите од Фестивалот на новиот германски филм

 

Културно-Информативен Центар – Скопје / 20:00

2000-ти: “ЗА НЕЗАВИСНИТЕ – СПОРЕД ВИСТИНСКИ ПРИКАЗНИ”

Автори: Христина Иваноска и Јане Чаловски

Учесници: Проектен простор Прес ту егзит, Место, Центар за современа уметност, Точка, и ЦК (Т Хоус)

 “20+1”

Изложба на фотографии на Рилинд Хоџа

Изложбено продажен салон / 20:00

 

Универзална сала / 19:00

“Здружение на граѓани за поддршка на лицата со посебни потреби – СОЛЕМ, Изложба на ракотворби

ТАНЦОТ НА СВЕТЛИНАТА”

Танц перформанс во изведба на балетското студио РЕБИС / 20:00

 

Универзитетска Библиотека Браќа Миладиновци / 20:00

музичко – поетски хепенинг

Настап на Филип Стефановски Квартет

Учество на група поети и писатели, застапени во антологијата “Ветерот носи убаво време”

Акција “подари книга – повели книга” неформална берза на размена на книги

 

Ден во Скопска Зоолошка Градина / 11:00

Обезбеден бесплатен превоз до ЗОО градината со линиите 8 и 15а на ЈСП Скопје по 10:00

Влезот во ЗОО градината е БЕСПЛАТЕН.

 

Дом на градежници (галерија КО-РА) / 20:00

“Ретро респект“

МАКСТРИПОВИ - здружение за промоција на стрип културата претставува: Групна изложба на стрип табли и илустрации “Ретро респект”

“Големото платно”

Инсталација на Симона Манчева и Дарко Алексовски

Изложба на фотографии на Ана Лазаревска

               

Градски парк / 17:00

Во рамки на Манифестацијата “Бела Ноќ 2012“, традиционално ќе бидат реализирани и спортските натпревари во организација на Град Скопје и Училишниот спорт на средни училишта на Скопје. Натпреварите ќе се играат во Градскиот парк – пред плочникот на споменикот на Гоце Делчев, зад фонтаната Лотосов Цвет, со почеток во 17 часот, а ќе траат до 24 часот. Осма година по ред се организира и традиционалниот турнир во STREET BALL (уличен баскет) меѓу средните училишта на Град Скопје. На турнирот редовно учествуваат екипи од сите средни училишта на Град Скопје.

               

Градски парк/19:00

Бесплатен филмски маратон под отворено небо на огромно кино платно - (CINESITY)

Ревија на најдобрите филмови од Меѓународниот фестивал на европски филм - CINEDAYS 2011

 

Школка (Градски Парк) / 22:00

Радио МОФ - Најактуелните македонски електронски DJ-и

Назад   

Креиран од UserAA на 05.10.2012
ИНСТИТУЦИИ

  

НАЈАВИ

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9788980