MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ДОНАТОРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЗЕЛЕН КАТАСТАР НА ГРАД СКОПЈЕ

Пред голем број  претставници на меѓународната и претставници на бизнис заедницата, се одржа донаторска средба со цел обезбедување на потребните финансиски средства за изработка на Зелен катастар на Град Скопје. Оваа донаторската конференција се одржува под мотото "Зелен катастар за идните генерации на Скопје".  

Модераторот на конференцијата Раководител на секторот за заштита на животната средина и природата, Цветанка Икономова - Мартиновска, изрази благодарност за интересот на присутните за учество на оваа конференција. Исто така, најави дека за изработката на Зелениот катастар се предвидени финансиски средства во буџетот на Град Скопје за 2012 година, но дека е потребна дополнителна финансиска помош за негово целосно реализирање.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во своето обраќање го потенцираше значењето на урбаното зеленило и неговите позитивни ефекти на севкупното живеење.

- Зелениот катастар ќе биде основа за унапредувањето на јавните зелени урбани површини со оглед на фактот што зеленилото, покрај функционалните, рекреативните, амбиенталните и социјалните функции, подеднакво придонесува и во намалувањето и адаптирањето на климатските промени. Со Зелениот катастар ќе се утврди површината, сопственоста и квалитетот на зеленилото, во функција на урбанистичкото планирање, а со крајна цел да се спречи натамошната пренамена на зеленилото во градежни цели - рече Трајановски.

Пред присутните се обрати и пратеникот во Собранието на Република Македонија и претсетател на ДОМ, Лилјана Поповска, којашто подетелно го образложи процесот на изработката на катастарот на зеленилото во Град Скопје, којшто би се изработувал во три фази, поточно изработка на електронска база на податоци – попис на зеленилото во градот, изработка на план за развој на зелените површини, како и спроведување кампања за подигнување на јавната свест за потребата за зачувување и унапредување на урбаното зеленило.

Идеата за изработка на Зелениот катастар беше иницирана на тркалезната маса организирана од партијата ДОМ, со работен наслов "На Скопје итно му треба попис на зеленилото – Зелен катастар".

Со цел забрзување и синхронизирање на активностите, Градот Скопје формираше Координативно тело за изработка на Зелен катастар коешто изработи проектна програма со цел обезбедување финансиски средства, организирање и спроведување на проектните активности.

Согласно со проценките на експерти, вкупната вредност на проектот изнесува околу 300.000 евра.

Назад   

Креиран од UserAA на 05.12.2011
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12085302