MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

РЕКОНСТРУИРАНИОТ „МОСТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“ И ОФИЦИЈАЛНО ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА

Градот Скопје успешно го заврши проектот за реконструкција на тротоaрите, оградата и уличното осветлување на „Мостот на Револуцијата“, што ги поврзува булеварите Кочо Рацин и Крсте Мисирков. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /16.05.2011 година/ и официјално го предаде во употреба реконструираниот „Мост на Револуцијата“.

Во изминативе неполни пет месеци од стартот на реконструкцијата на мостот беше извршена санација на оштетените бетонски делови на надворешната страна на мостот. Оштетените пешачки патеки од двете страни на мостот беа отстранети, подлогата беше санирана и покриена со печатен бетон. Во текот на градежните работи беше извршена заштита на инсталациите што минуваат преку мостот.

Коловозната конструкција на мостот е целосно обновена и покриена со нов асфалт. Обновени се и рабниците, како и сливниците за одведување на атмосферската вода. Новата ограда на мостот е изработена од ковано железо. Во оградата се монтирани 22 декоративни канделабри. Мостот дополнително го осветлуваат 10 столба од постоечкото улично осветлување. Контурите на мостот ги нагласува линиско осветлување од 114 светилки со ЛЕД диоди, а 6 рефлектори се поставени на лаците – рече денеска градоначалникот Трајановски.

На реконструкција на „Мостот на Револуцијата“ работеа екипите на градежната компанија „СИНТЕК ДОО“ од Скопје. За обнова на мостот Градот Скопје потроши околу 27,6 милиони денари. „Мостот на Револуцијата“ е изграден во 1963 година и ова е прва негова реконструкција.

Врз основа на зададената проектна задача, на јавниот конкурс за изработка на идејно решение за заштитна ограда и илуминација на „Мостот на Револуцијата“ беше прифатено решението на авторот Зоран Јордановски.

Назад   

Креиран од UserAA на 16.05.2011
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12085296