MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО НА УСЈАНСКИ КАНАЛ

Според програмата за одржување на отворените канали на Град Скопје екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве ги чистат  коритото и косините на Усјанскиот канал. За чистење на милот, наносите од песок и комуналениот и градежен отпад, којшто го отежнува протокот на атмосферските води низ коритото се користи механизација, а рачно се сечат гранките и се отстранува ниската вегетација од косините на каналот. Отпадот што се вади од каналот откако ќе се просуши со камиони ќе се пренесе на депонијата Дрисла. 

Усјанскиот канал е со должина од 3 610 метри и ги прифаќа и одведува атмосферските, отпадните и другите води од општините Аеродром и Кисела Вода.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ изминативе денови исчистиле 200 квадратни метри од ниска вегетација и 760 кубни метри машински ископ на наносен материјал во каналот, на делот што се наоѓа на територијата на општина Кисела Вода.

Минатата година првпат, по период од 30 години, на територијата на општина Аеродром машински и рачно комплетно беше исчистена површина од 3. 584 м2 на Усјански канал.

Оваа акција  континуирано ќе се спроведува според Програмата за одржување на каналите за 2011 година,  изгласана од Советот на Град Скопје.

Назад   

Креиран од UserAA на 24.03.2011
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12085311