MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
ИНСТИТУЦИИ
Анкета
Дали го поддржувате продолжувањето на работното време во Старата Скопска Чаршија за еден час?



Гласај     Резултати

Времето во Скопје
22°C
Ведро
     Прогноза  |  Полен

ОД ДЕНЕСКА ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ ЌЕ ВОЗАТ ВЕЛОСИПЕД ЗА 10 ДЕНАРИ
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /28.07.2010 година/ го пушти во употреба Системот за изнајмување велосипеди.
-Градот Скопје земајќи ја предвид добрата географска поставеност, којашто го вбројува во градовите коишто имаат одлични услови за изградба на велосипедска инфраструктура, што претставува и предуслов велосипедот да биде дел од понудата за градско транспортно средство, во изминатиов период активно работи на обезбедување услови за воведување на велосипедот, како алтернативно транспортно средство. Активностите коишто се реализираа во изминатиот период, а тоа се бележење на велосипедските патеки и воспоставување на непрекината велосипедска врска меѓу источниот и западниот дел на градот, обновувањето и поставувањето на хоризонтална и на вертикална сигнализација и поставувањето на држачи за велосипеди, не поттикна да размислуваме за заокружување на процесот наречен велосипед како транспортно средство и преминавме кон воспоставување на систем за изнајмување на велосипеди, истакна Градоначалникот Трајановски.
Во оваа прва фаза од имплементација на проектот за изнајмување велосипеди под мотото „ОСТАВИ ГО АВТОМОБИЛОТ, ВОЗИ ВЕЛОСИПЕД“ ,  граѓаните на Скопје  ќе можат да изнајмат 70 велосипеди за 10 денари за час на три локации во градот, односно на јавното паркиралиште Треска, јавното паркиралиште Плоштад Македонија иво населба Аеродром, поточно кај Трговскиот центар Бисер.
Бројот  на постојки/ станици на коишто ќе може да се изнајми велосипед, во иднина се очекува да се зголеми, се разбира, во зависност од расположението и заинтересираноста на граѓаните.
Интересен сегмент кај овој проект е можноста, велосипедот којшто е изнајмен од една постојка, да биде вратен на друга. На пример, доколку корисникот изнајми велосипед од станицата во Аеродром истиот, може да го врати на Плоштад Македонија или, пак, на постојката кај јавното паркиралиште Треска.
Движењето со велосипедите би се одвивало по сообраќајници на обележани велосипедски патеки или на однапред утврдени патеки за велосипеди за поединци и  за групи.
На промоцијата на Системот за изнајмување велосипеди присуствуваа и Претседателот на Совет на Град Скопје, Ирена Мишева, Советници во Советот на Град Скопје, градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, директори на Јавни претпријатија во Градот Скопје, претставници на НВО Еко-свест и од Глобален еколошки фонд.
Назад   

Креиран од UserAA на 28.07.2010
НАЈАВИ


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 1625140