MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТ - ДЕМАНТ

Во врска со шпекулациите што деновиве се појавија во јавноста дека Град Скопје ги доделил шанковите на Градската плажа на кејот на Вардар на непостоечка фирма сакаме истите информации да ги демантираме и да нагласиме дека:

1.  Во случајот не се работи воопшто за тендерска постапка, туку за јавен оглас – постапка којашто суштински се разликува од тендерската постапка.

2.  Јавниот оглас на Градот Скопје за користење урбана опрема на Градската плажа на Вардар е објавен на 20.05 2010 година, а заврши на 28.05.2010 година. Според Законот за јавни набавки, се даваат уште три дена за да пристигнат сите понуди, вклучително и оние што се испратени по пошта. Понудите се отворени на 04.06.2010 година. Констатирано е дека на јавниот оглас на Градот Скопје е пристигната само една понуда.

3.  Комисијата која ја спровела постапката на јавниот повик, ја избрала фирмата „Градска плажа 1“, која всушност е и единствената пријавена на огласот. По прегледувањето на комплетната документација доставена од оваа фирма, комисијата заклучила дека комплетната документација е важечка и дека понудувачот својата способност ја потврдил и со поднесување на изјава. Комисијата побарала на увид и извод од Централниот регистар, како доказ за утврдување на дејноста.

Со договорот за здружување, којшто го склучиле на 27.05.2010 година, правно го исполниле условот за конкурирање на јавниот оглас за користење урбана опрема на Градската плажа. Од дополнително поднесените документи, кои се доставени во законски рок од пет дена, се потврдува дека правната валидност на нивниот договор ја докажале и со регистрација на истиот во Централниот регистар, на 02.06.2010 година. Пријавата до Централниот регистар ја поднеле на 28.05.2010 година.

4.  Со овие документи се докажува дека Градот Скопје ги испочитувал сите правни процедури и не станува збор за какво било прекршување на постапката или доделување на плажата на непостоечка фирма. Сакаме да ги демантрираме и тврдењата дека Градот „усно“ се договарал со одредени лица за досредување на било какви документи.

Назад   

Креиран од UserAA на 07.07.2010
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13221692