MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
ИНСТИТУЦИИ
Анкета
Дали го поддржувате продолжувањето на работното време во Старата Скопска Чаршија за еден час?



Гласај     Резултати

Времето во Скопје
13°C
Ведро
     Прогноза  |  Полен

ПОЧНА ПРОШИРУВАЊЕТО НА БУЛЕВАРОТ ИЛИНДЕН

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и градоначалникот на општината Центар, Владимир Тодоровиќ, денеска /16.02.2010 година/ го означија стартот на градежните работи за проширување на булеварот Илинден. Од денеска ќе се работи на потегот од улицата Наум Наумовски Борче до улицата Рузвелтова, во должина од 640 метри, а потоа ќе се продолжи со проширување на булеварот од улицата Рузвелтова до булеварот 8.Септември, во должина од 800 метри.

- Ми претставува особена чест што денеска ги почнуваме градежните работи за проширување на булеварот Илинден, една од главните сообраќајни артерии во Скопје и значајна алтернатива на булеварот Партизански одреди. Десет години во централното градско подрачје не е проширен ниту еден булевар. Долги години оваа улица претставуваше „тесно сообраќајно грло“, безбедноста на пешаците беше загрозена, времето на задржување на возилата беше продолжено поради долгите колони, а со тоа, загадувањето на животната средина беше неизбежно. Но, проектот за проширување на оваа сообраќајница очекуваме да даде долгорочни позитивни резултати, за растоварување на сообраќајот, за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и за заштита на средината. Морам да нагласам дека денеска почнуваме сложен проект, кој е од исклучително значење за сите учесници во сообраќајот кои секојдневно ја користат оваа сообраќајница. Морам да нагласам и дека сите градежни работи на булеварот Илинден ќе се одвиваат под сообраќај, но со воведување привремен сообраќаен режим. Поради тоа, би сакал да ги замолам граѓаните да покажат трпение додека тече изградбата на булеварот и, колку што е во нивна можност, да не ја користат и да го пренасочат своето движење по околните улици, Орце Николов и Партизански одреди – рече градоначалникот Трајановски на почетокот на градежните работи на булеварот Илинден.

Булеварот Илинден со проширувањето ќе добие по две коловозни ленти во секоја насока. На делот од улицата Наум Наумовски Борче до Рузвелтова, булеварот ќе биде без средишно зеленило. По завршувањето на овој дел, булеварот ќе продолжи да се проширува на потегот од крстосницата со улицата Рузвелтова до крстосницата со булеварот 8.Септември. На овој потег, булеварот ќе добие по две коловозни ленти во двете насоки, со ширина од 3,5 метри, и централно зеленило (жардиниера) со ширина од 5 метри.

По должината на булеварот ќе се гради и пешачка и велосипедска патека од двете страни. Ќе се постави и ново осветлување со штедливи светилки кое ќе чини околу 8 милиони денари. Предвидена е нова семафоризација на булеварот со улицата Никола Тесла /кај Машинскиот факултет/ која ќе чини 2 милиони денари.

На терен ќе работат екипите на Гранит А.Д. За целосното проширување на булеварот Илинден од градскиот буџет ќе се одвојат 80 милиони денари. Според планот, проширувањето на булеварот Илинден од крстосницата со Наум Наумовски Борче до булеварот 8.Септември треба да заврши до септември.

Град Скопје, во подготовката за проширување на булеварот Илинден, изведе нова атмосферска канализација по должината на целата улица. во вредност од преку 32 милиони денари, со што обезбеди двострано одводнување на булеварот.

 
Назад   

Креиран од UserAA на 16.02.2010
НАЈАВИ


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 1638053