MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
ИНСТИТУЦИИ
Анкета
Дали го поддржувате продолжувањето на работното време во Старата Скопска Чаршија за еден час?



Гласај     Резултати

Времето во Скопје
13°C
Ведро
     Прогноза  |  Полен

ОДРЖАНА ЧЕТВРТАТА НАЦИОНАЛНА ТОРТИЈАДА ВО СКОПЈЕ

Тортите „Љубов“ и „Весели ангели“ се двете најубави слаткарски дела на четвртата по ред Националан „Тортијада 2010“, што вчеравечер, во ресторанот „Рагуза“,се одржуваше под мотото „Слатка љубов и надеж“. Автори на првонаградените торти се „Ангелчиња“ (ХОА) во категоријата професионалци и Светлана Димовска во категоријата слаткари аматери.

На четвртата Национална Тортијада беа доделени по три награди за најдобрите торти во двете категории, аматери и професионалци. Вторите награди им припаднаа на Слаткарницата „Диме“ за тортата „Трнорушка“ и на Јадранка Тодоровска за тортата „Четири годишни времиња“. Третата награда во категоријата професионалци ја добија мајсторите од слаткарницата „Рафаело“ за тортата „Сончева светлина“, а за трета најдобра торта на слаткар аматер, беше прогласена тортата „Урбана љубов“ на Сузана Стојмирова.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, истакна дека е задоволен што со одржувањето на четвртата Тортијада се продолжува една убава традиција.

- Ми претставува задоволство што токму во Скопје се одржува една ваква убава манифестација, што претставува меѓуопштински натпревар на најумешните слаткари,  и е една ретка можност на едно место да се соберат претставници од сите Општини во Скопје, да се дружат и да уживаат во една поинаква уметност, рече Трајановски.

Во годинашнава тортијада учество земаа слаткари од десетте скопски општини, со свои претставници учествуваа и Општина Илинден и Општина Петровец, а домаќин на националната „Тортијада 2010“ беше  Општина Центар. Идната година домаќин на петтата тортијада ќе биде Општина Карпош.

 И годинава во реализацијата на тортијадата се вклучи Хуманитарната организација „Ангелчиња“ (ХОА), а собраните средства ќе бидат донирани за Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Креаторите на победничките торти, се стекнуваат со право да учествуваат на интернационалната Тортијада „2010“, што ќе се одржи на крајот на  годинава.

Националната „Тортијада“ е традиционална манифестација и секоја година се одржува под покровителство на Градот Скопје.

Во рамките на националната „Тортијада 2010“ се одржа ревијален и свечен дел, а тортите беа достапни и за граѓаните затоа што годинава, во изборот за најубава торта, учествуваше и публиката. Тортите ги оценуваше жири-комисија составена од стручни лица, еминентни слаткари и професори од Факултетот за туризам и Средното угостителско училиште на Град Скопје. Конечната оценка е 30 % од гласовите на публиката и 70 % од гласовите на стручното жири. По оценувањето на тортите сите заинтересирани гости имаа можност да  ги купат тортите што им се допаднаа, а продажбата беше реализирана по пат на лицитација.

Од лицитацијата на тортите беа собрани шеесеттина илјади денари, а претставници од Градот Скопје купија торти во вредност од 15 илјади денари.

Назад   

Креиран од UserAA на 18.02.2010
НАЈАВИ


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 1638051