MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

МАЈА АПОСТОЛОВСКА ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „БЕЛИ МУГРИ“
Маја Апостоловска, автор на стихозбирката  Именувањето е првиот добитник на нововостановената награда „Бели Мугри“, што за најдобра необјавена книга поезија од автор до 35 години, од годинава ја доделува Домот на културата “Кочо Рацин” – Скопје, во соработка со Град Скопје.
 
Врз основа на објавениот конкурс во македонскиот дневен печат, петчленото жири во состав: БранкоЦветковски, претседател и Тодор Чаловски, Петар Гичаровски, Јованка Христовска и Горан Анчевски, членови, разгледа и одлучуваше за 20 ракописи на исто толку автори на возраст до 35 години.
           
Според оценката на жирито, одѕивот на учесниците на новобјавениот конкурс е задоволителен, но поголемиот број од пристигнатите ракописи во квалитативна смисла, не задоволиле повисоки литературни и уметнички стандарди. 
 
Петчленото жири на конкурсот за наградата Бели мугри за необјавена поетска збирка, по првото читање на пристигнатите ракописи издвои пет. Од петте ракописи под шифрите: “Градот на љубовта”, “ЏБ”, “Химера”, “Кодирање” и “Безиме Ипрезиме”, по препрочитувањето, за најдобра збирка поезија ја прогласи збирката Именувањето, под шифра Кодирање”.
Назад   

Креиран од UserAA на 10.12.2009
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
10.12.2018 ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ
22.11.2018 ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 11975888