MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПРОМОВИРАН „ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧ СКОПЈЕ“
Градот Скопје и Тримакс Картографија денеска /15.07.2009 година/ го промовираа новиот „Туристички водич СКОПЈЕ“, книга за градот која според дизајнот, квалитетот и стилот претставува прва од ваков вид во Македонија. Содржините на водичот се распослани на 144 страници, збогатени со фотографии, текстови и карти. Изработен е на два јазика, на македонски и на англиски.
- Градот Скопје и поширокиот скопски регион имаат огромен туристички потенцијал кој, за жал, досега не беше доволно промовиран пред домашните и пред странските туристи. Овој водич е само дел од нашите заеднички заложби за достоинствено и на вистински начин да го промовираме нашето историско и културно наследство. Пред нас претстои голем проект во кој ќе осмислиме како организирано да ги пречекуваме туристите, јасно да ги обележиме местата што секој гостин во градот треба да ги посети и начините како да стигне до нив. Овој туристички водич е извор на многу информации за градот, од неговите почетоци до денес, а Градот Скопје безрезервно го поддржа неговото издавање со идеи и фотографии. Тиражот од 5.000 примероци ќе биде доставен до сите хотели, бензински пумпи и културни институции кои ги посетуваат туристите – рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на промоцијата на водичот.
 
Туристички водич СКОПЈЕ содржи повеќе од 500 фотографии, различни илустрации и мапи, од античко време па се до денес. Во него се содржат клучни информации за сите знаменитости кои Скопје го прават незаборавна дестинација за одмор и прошетки, информации за сместувачките капацитети и рестораните, ноќниот живот, како и понуди за еднодневни и повеќедневни тури низ Скопје и неговата околина.
Назад   

Креиран од UserAA на 15.07.2009
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 5805876