Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, в понеделник на 11 мај, во 11 часот, во Културно-информативниот центар (КИЦ), свечено ќе ја отвори културно-историската манифестација ”ДЕНОВИ НА ЈУСТИНИЈАН I“,
”ДЕНОВИ НА ЈУСТИНИЈАН I“ , се одржува по четврти пат, со што се продолжува воспоставениот континуитет и традиција.
”ДЕНОВИ НА ЈУСТИНИЈАН I“ – започнува симболично, на 11 мај, - денот кога е роден најголемиот византиски император, во околината на Скопје, во Таор, и трае сè до 24 мај – Денот на просветителите Свети Кирил и Методиј. Годинешната манифестација, чиј главен покровител и иницијатор е Градот Скопје, почнува со научниот симпозиум ”ВИЗАНТИСКОТО КУЛТУРНО - ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО И МАКЕДОНИЈА“.
На отворањето на манифестацијата градоначалникот Трајановски ќе додели и награда за најдобар есеј на тема ЈУСТИНИЈАН I, по конкурсот кој беше распишан за учениците од средните училишта на Град Скопје.