MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ШТЕДЛИВИ СВЕТИЛКИ НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ
Градот Скопје, согласно најавата за детално и навремено информирање на граѓаните за динамиката на промена на светилките на дел од магистралните и собирни улици, ги известува граѓаните за досегашните и следните активности.
Во изминатиот период комплетно се сменети светилките на ул. Ѓорче Петров, бул. 8-ми Септември, ул. Методија Андонов Ченто, ул. Босна и Херцеговина, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. Кочо Рацин, бул. Цветан Димов и ул. Христијан Тодоровски Карпош..
Во наредните денови, доколку временските услови се поволни за целодневна работа, се планира да се работи на следните сообраќајници: бул. Партизански одреди, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов, бул. Св. Климент Охридски, ул. Димитрије Чуповски, ул. Даме Груевул. Војвода Васил Аџиларски и ул. Стив Наумов.
Заради непречено одвивање на активностите за промена на светилките, неопходно е пристапот до нив да биде слободен. Апелираме до граѓаните да не ги паркираат своите возила на тротоарите и во близина на светилките на сообраќајниците на кои ќе се врши промената, заради побрзо и поефикасно одвивање на активностите. Ова особено се однесува за паркирање на возилата на бул. Партизански одреди и бул. Свети Климент Охридски, на кои е забележана појавата на паркирање на возилата на десната лента од коловозот. Во случај при промената на светилките да се наиде на паркирани возила кои пречат во одвивањето на планираните активности, ќе мора да биде побарана асистенција од пајак службата и возилата ќе бидат отстранети.
Градот Скопје на ден 12.08.2008 година (вторник) повторно детално ќе информира за реализираните активности во претходните и за предвидената динамика за промена на светилките за наредните неколку дена.
 
 
Назад   

Креиран од olivera на 05.08.2008
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12085293