MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ТРЕТА БЕЛА НОЌ ВО СКОПЈЕ
 
БЕЛА НОЌ
САБОТА
29 СЕПТЕМВРИ 2007
КРЕИРАЊЕ НА КУЛТУРНИ ЗАВИСНИЦИ
 
СОДРЖИНА
2. Воведен текст-
    Градоначалник на Град Скопје - Трифун Костовски
3. Воведен текст-
Директор на Младински Културен Центар - Борис Момироски
4. Анаграм на Белата Ноќ
5-6. Музеј на Град Скопје
7-8. Плоштад “Македонија„
9-10. Младински Културен Центар
11-12. Мапа на локации
13. Културно Информативен Центар
14. Универзална Сала / Мала Станица-Арт Кафе
15. Зоолошка Градина / Градски Парк - ШКОЛКА
16. Библиотека - Браќа Миладиновци
17. Дом на Култура - Кочо Рацин
18. Детски Креативен Центар - Карпош
19. Културен Центар - Точка
20. Chechpoint Charlie / АРТ 108 Кафе
21. Клуб ТРЕНД / Кеј “13 Ноември„
22. Импресум
 
 
 
Трифун Костовски
Градоначалник на град Скопје
 
 
Драги сограѓани, драги гости,
 
Задоволство ми е да Ве поздравам како главни поддржувачи на Белата Ноќ 2007 година, манифестација која Град Скопје ја промовираше по примерот на неколкуевропски градови, а која веќе го доживува своето трето издание, токму благодарејќи на Вашата поддршка и заинтересираност.
Белата Ноќ претставува несекојдневна вечер кога организирано ги славиме културата и уметноста низ улиците на нашиот град и во културните установи на Скопје. Вечерва ги прославуваме вистинските естетски и креативни потенцијали и вредности, вечерва имаме голема и возвишена цел-збогатување на духовните потреби, но и обид за создавање на нова армија на љубители на културата.
Како и во претходните две изданија на Белата Ноќ и овојпат се трудиме, на нашите сограѓани да им овозможиме да уживаат и да учествуваат во изобилството од концерти, изложби, претстави, модни ревии, филмови, артистички спектакли, хепенинзи, продолжен шопинг, возбуда и дружење низ спортот, музиката, секако прилагодени за различни возрасти и вкусови.
Сето ова, со една едноставна, но длабоко хумана желба и цел, збогатување на секојдневието со настан кој сите ќе го паметиме и ќе го посакуваме повторно и повторно...
Ви посакувам пријатна, во бело обвиткана, скопска ноќ. 
 
 
Борис Момироски
Директор на Младински Културен Центар
 
Почитувани,
Ми причинува огромна чест и задоволство да Ве поканам на третата Бела Ноќ во Скопје. На 29 Септември, во Сабота сите културни институции од градот Скопје заедно ќе Ви приредат Ноќ за паметење. Како манифестација од светски ранг, Белата скопска ноќ се приклучува на братството светски градови кои ја поддржуваат оваа манифестација.
По идејата на неуморната Тања Балаќ, раководителот на Секторот за јавни работи во град Скопје, да здружиме уметници и презентираме програма од сите уметности, оваа година Белата Ноќ ќе понуди незаборавна забава за сите посетители.
Младинскиот културен центар како организатор на манифестацијата и дежурна авангардна локација во Скопје има одговорност да продолжи во борбата против кичот, некреативноста и монотонијата. Здружени со нашите креативни капацитети на 29 Септември, во Сабота, да се обединиме во задоволството и потребата од поквалитетна културно-уметничка понуда.
На повеќе од 20 локации, со повеќе од 300 учесници од цела Европа, Белата Ноќ во Скопје ќе претставува колаж, кој ќе ги задоволи вкусовите на сите љубители на културата и уметноста.
Со искрена надеж дека Белата Ноќ веќе од оваа година прераснува во мегдан на реномирани светски уметници, Ве посакувам пријатна забава и незаборавна Бела Ноќ.
 
Музеј на град Скопје
19:30- ЈАПОНСКА ИЗЛОЖБА - “РАКОТВОРБИ-ТРАДИЦИИ И ТЕХНИКИ
Организатор: Јасминка Намичева
Организатор на изложбата: Јапонска фондација, Амбасада на Јапонија во Виена и Музеј на град Скопје На изложбата ќе бидат претставени 90 оригинални употребни предмети изработени од познати мајсторски работилници од крајот на 19 век и почетокот на 20 век, од различни краеви на Јапонија, притоа применувајќи традиционални техники на изработка.
Изложбата ќе трае до 16 Октомври 2007 година
 
19:45 -КОНЦЕРТ НА МАНДОЛИНСКИ ОРКЕСТАР ПРИ МКЦ
ДИРИГЕНТ: САШО ТАТАРЧЕВСКИ
Програма:
-Бах, Хаслер, Григ, Тошевски, Бранѓолица
 
 
20:00 - СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА БЕЛАТА НОЌ
  • Обраќање на Градоначалникот на град Скопје - Г-дин. Трифун Костовски
  • Почеток на уличната ПАРАДА* 
Музеј на град Скопје
20:30 - ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБИ
 
1. Адмир Бамбур, графичар и уметник од Црна Гора 
Изложба - ЕРОСОТ НАШИТЕ ПАРИ
 
Изложбата е наградена од Министерството за култура, на Република Црна Гора.
Изложбата се состои од дигитални отпечатоци на новите новчаници, кои манипулираат со поимите моќ, богатство и еротика. Новите новчаници се настанати со колажирање и сложена комбинаторика на мотивот на Еросот кој е вметнат како мотив врз кодифицираниот шаблон, но и значењето на парите како кодификуван систем на вредности, чие значење се зголемува правопропорционално со количеството кое го поседуваме. Новчаниците на Адмир Бамбур демонстрираат и ја афирмираат моќта на субјективната процена на кодифицираната вредност на парите, личната уметничка перцепција и рефлексија на комплексната природа на феноменот ПАРИ.”
 
2.Мирослав Стојановиќ – Шуки Изложба - “Собрани дела”
 
Визуелна реинтерпретација на познати дела од светската книжевност. Ќе бидат изложени објекти, книги кои во реинтерпретација и ликовна интервенција на авторот попримаат ироничен и духовит, метатекстуален контекст отворајќи повеќе нивоа на исчитување.
 
 
21:30 - LINE I+M [INITIATIVE AND MOVEMENT]
  1. “Worlds in flux” Проекција на кратки филмови и музички видеа на дуото Semiconductor, Англија.
  2. Проекции на кратки видеа во соработка со Upgrade! Scotland i Upgrade! Vancouver.
Line е формирана со цел да биде платформа за поддршка на артисти коишто се занимаваат со уметноста на новите медии. Line претставува форум за комуникација помеѓу уметници, теоретичари, филозофи и широк спектар на експерти кои работат во полето на современата култура, уметност, звук,  бидејќи стимулативна средина за работа и презентација на проекти. Line соработува со интернационална мрежа на уметници кои со своите идеи и d.i.y. принцип на работа и даваат енергија и стимул на оваа организација. Line ги промовира начините за имплементација на технологијата во различни видови на уметност и ја презентира уметноста која ја рефлектира улогата на технологијата во современото општество. Го продлабочува взаемното дејство помеѓу дивергентните медиуми, формати и уметнички пристапи. Најголем акцент и дава на фузијата помеѓу аудио - визуелните аспекти, на саунд артот, видеото, како и на поттикнувањето на локалните уметници за внесување на технологијата во нивните дела.
 
23:00 - ОТВОРЕНО ГРАФИЧКО СТУДИО
            
Музички перформанс:
  • БОРГ (Влатко Каевски) и Нора Стојановиќ, Every kid on speed, Дебрис.
Организатор: Атанас Ботев
ПЛОШТАД “МАКЕДОНИЈА„
 
20:00 - КАПКА 

  • ВИДЕО ПРОЕКЦИЈА “ВЕСТИ ОД ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА„
(Креативен активизам преку Пародија, критика и алегорија) со проектот„Вести но земјата на чудата“. Настапот главно се состои од читање измислени вести,  но дејствието се збогатува и со драматуршки ситуации и односи меѓу актерите-спикери-репортери, со што настапот повеќе наликува на некоја мини- драма/театарски перформанс отколку на монотоно јавно читање измислени вести.
Сценарио:Бранко Прља
Режија: Александра Кардалевска
 
20:30 - ПРИСТИГНУВАЊЕ НА ПАРАДАТА-
 
Учесници: МАЛАБАР, Градски оркестар, Школата за штули
НАСТАП НА МАЛАБАР - ВОЛШЕБНИ КРЕАТУРИ
Поддржано од: Француски културен центар
 
22:00-ARGOLLA + ANTI AGNI – СЛОВАЧКА  
 
“Место каде што водата и огнот танцуваат заедно”
  • Свечено затворање на Младиот Отворен Театар - МОТ 2007
ПЛОШТАД “МАКЕДОНИЈА„ 
23:00 -OLIVER JOSIFOVSKI & MAKING A MOVIE ORCHESTRA
 
Станува збор за перформанс, музика и оркестар во живо, озвучување на нем филм, (филм на Baster Keaton, ”Go West”), со авторска музика на Оливер Јосифовски. Оливер Јосифовски - контрабас, Бојан Петков – гитара Трајче Велков – труба Петар Христов – кларинет Димитар Манев - аудио слика
 
00:00 -ПОЛНОЌНА МОДНА РЕВИЈА - ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР
 
00:30 - ТЕХНО ЗАБАВА 
 
DJ ANGELO - MENTALAB - MOONSON RECORDS / GREECE
DJ BUSHAVA AZBUKA - DIGITAL DANCE
DJ NAVIGATOR - DIGITAL DANCE
МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР-МКЦ
 
12:00 - ДЕТСКИ КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР
 
Интерактивен курс по модерен балет со балетски тренер Вилма Самарџија Кардалева.
На овој курс ќе се научат основните балетски чекори, а потоа ќе продолжи во балетсткото студио при Детскиот креативен центар во Младинскиот Културен Центар.
 
20:00 - ПОЕТСКИ МОЗАИК
 
Дружење низ творештвото и личното ангажирање на младите писатели Силвана Јованова, Славица Урумова, Филип Клетников, Верица Трајковска, Амир Каплановски, Лидија Размоска, Искра Донева...
 
20:00 - ИЗЛОЖБА НА ДАНИЕЛ КОЦЕВ
 
Авторот Даниел Коцев ќе се претстави со делото “Трансвер на енергијата”. Низ идејата за кружниот тек на енергијата во природата, уметникот употребува природни материјали штo ги пронаоѓа на нивите и полињата, со што се укажува на допирните точки со ланд - арт и ги структуира во објекти со геометриска форма.
 
МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР
 
20:00 - ИЗЛОЖБА НА СТРИПОВИ
Ќе можат да се најдат наслови од неколку издавачки куќи од просторите на бивша Југославија, како: 
  • SYSTEM COMICS (Ken Parker, Dilan Dog (regularna serija I Giganti), Inkal, Helboj…
  • LIBELLUS (Marti Misterija —GIGANT)
  • BOOKGLOBE (Tajna istorija, Dzo Bar, Silage, Navis, Spider man, X-Men (tvrd povez) - FIBRA (Ken Parker)… 
21:00 - Бојан Симовски - ДИСЛОЦИРАЈ!
 
Петиција за дислоцирање на проститутките од кругот на Младинскиот Културен Центар и останатите научно - културни установи.
Сите оние што сакаат да се потпишат тоа можат да го направат на следнава одреса: 
 
 
21:00 - ЕТНО КАРАВАН - КИНО ФРОСИНА
 
Настапуваат:
  • Баклава, Ла колони волвокс, Фолтин
 
22:00 / 23:00 - ПЛАНЕТАРИУМ
  • Две предавања по општа астрономија

Предавач: Ѓоре Ценев 

23:00 - ВИДЕО КЛИП МАНИА
 
Дава почит кон саканите музички видео програми, Cinema Electronica и Videos That Rock, кои ја истакнуваат највозбудливата и највпечатливата конципирана работа за најтоплите постоечки и нови buzz - бендови од Basement Jaxx, Chemichal Brothers, The Arcade Fire, Interpolo, LCD Sound System, Cold Cut итн.
Режисери: Michel Gondry, Chris Hopewell, Joel Trussell, Jason Forrest...
Потпишете се на:
 
КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР - КИЦ
20:00 - ТАБЕРНАКУЛ - ПРОМОЦИЈА
Во соработка со книжарницата “Табернакул”, која за граѓаните ќе биде отворена во текот на целата ноќ, промоција на нови книги и книжевни изданија  со промотивни попусти.
 
22:00 - АЦО СТАНКОВСКИ - ИЗЛОЖБА
Култниот Ацо Станковски, со изложба на дела, изработени во сликарска техника-масло на платно, во двата изложбено-галериски салони при КИЦ, „Империјал I“ и „Империјал II“.
 
23:00 - “COOL PARK“
Bei The Fish и Three minutes in the rain, со целовечерен концертен настап, во “Cool Park“, просторот пред КИЦ.
BEI THE FISH THREE MINUTES IN THE RAIN УНИВЕРЗАЛНА САЛА
 
20:00 - БАЛЕТСКИ ПЕРФОРМАНСРЕБИС - ОРИЕНТ ЕКСПРЕС
“Ориент експрес” е модерна балетска претстава со учество на танчери од најразлична возраст, од најмалите, 5 годишни деца, деца на школска возраст, тинејџери, како и на професионални играчи.
Режија:
Ристо Алексовски
Кореографија:
Гордана Деан-Поп Христова
 
МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ЦЕНТАР МАЛА СТАНИЦА
18:00 - ПРОФ. Д-Р. ИРИТ РОГОФ-ОРГАНИЗАТОР: СУЗАНА МИЛЕВСКА
”Да се учествува: Сингуларитети што учествуваат - онтолошки заедници” Проф. д-р. Ирит Рогоф, Голдсмитс Колеџ - Лондонски универзитет, Лондон Предавање во рамките на меѓународниот проект Кураторско преведување во организација на Центарот за визуелни и културни истражувања, Институт ”Евро- Балкан”. 
 
19:00 - ИЗЛОЖБА “ПРЕРАБОТЕНО” - БИХ
“Преработено” е студиска изложба на кураторот Мелиха Хусеџиновиќ, а е изготвена во копродукција на Уметничката галерија на Босна и Херцеговина, галеријата Collegium Artisticum од Сараево и Интернационалниот фестивал “Сараевска зима”. Изложбата прикажува еден пресек на истражувањата на босанската ликовна сцена врзани со феноменот на рециклажата, редизајнот и реинтерпретација на материјалот,брендот, историјата, стиловите.
 
АРТ КАФЕ
21:00 - МУЗИКА ОД РОМАНТИЧНИТЕ ВРЕМИЊА НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧКАСЦЕНА
 
23:00 - 103-КА PARTY
ЗООЛОШКА ГРАДИНА - СКОПЈЕ
 
12:00 - ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ
Во рамките на Бела Ноќ во Зоолошката градина во Скопје ќе се одржи уманитарен концерт за помош на реконструкцијата на Зоо-градината. На концертот ќе учествуваат повеќе врвни уметници од македонската поп естрада.
 
ГРАДСКИ ПАРК - ШКОЛКА
13:30 - 07:00 - (ВАВИЛОН ПОРТА - ХЕПЕНИНГ)
Настапуваат:
Lil Rude Boy, Big Six, G Madda Funk, Fist, Invitro, Etaoin shrdlu, Hard Faced, Fresh Kidd Aleks, PHC, Miki I, Ogi-Yudhisthira, Filen’ gap- Lion JR. (ARS)
  • Креативни работилници: стрип, графити, изработка на накит, жонглирање.
Обезбедување на квалитетно минување на слободното време на младите, едукативни неформални работилници, простор каде што младите можат  слободно да се изразат како личности, место кое е извор на младински идеи и креации, надополнување на формалниот образовен систем и превенција на младите од пороците кои ги демнат во секојдневниот живот се основните причини за почеток со работа на Младинскиот Едукативен Центар „Вавилон БИБЛИОТЕКА - БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ
 
18:30-ОТВОРАЊЕ НА ДЕТСКО КАТЧЕ
Обновувањето на Детскиот оддел е помогнато од Градоначалникот на град Скопје Г-дин. Трифун Костовски кој воедно ќе биде и почесен гостин на отворањето.
•За прв пат ќе се постави ИЗЛОЖБА на уметнички слики од колекцијата на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“
 
20:00 - ПРОМОЦИЈА на книгата „Марксовата антрополошка критика на Капиталот“ од проф. д-р Љубомир Цуцуловски во издание на Аз-Буки, 2007 година. Промотор доц. д-р Ана Димишковска —Трајаноска.
 
20:00 - ГОТВАЧКИ ПЕРФОРМАНС - АНДРЕАС ШТРАУС - АВСТРИЈА
Австрискиот уметник Андреас Штраус преку неговите дела ги менува секојдневните функции на предметите и им наоѓа нова примена. Пр. ги менува бетонските цевки во комфорни платформи за спиење, кантите за ѓубре во кујни или докреветните шкавчиња во мали функционални кујни.
За перформансот во Скопје, Андреас Штраус разви специјален готвачки перформанс преку кој ќе развие нови форми на гостопримство.
Куратор: Бернадет Руис
 
ДОМ НА КУЛТУРА - КОЧО РАЦИН
20:00 - МУЗИЧКО БАЛЕТСКИ УЧИЛИШЕН ЦЕНТАР
Концерт на:
  • Илија Алексовски-кларинет
    проф. Никола Јованов
  • Олгица Здравковска-виолина
    проф. Јасна Трајкова
  • Антонио Насевски-фагот
    проф. Горан Зафировиќ
  • Андреа Спирова-виола
    проф. Јован Бицевски
  • Димитар Крстевски-пијано
    проф. Глигор Гелебешев
  • Дино Имери-пијано
    проф. Људмила Романова
 
21:00 - ИЗЛОЖБИ
  • Соња Димитрова - ликовен уметник
“Современ текстил и модерна таписерија”
Традиционални техники, креативно искористени во еден нов вид на таписерија.
Нејзините слики - таписерии, најчесто претставуваат движење од 2- димензионалност кон 3-димензионалност.
  • Елена и Кристина Георгиеви
Патеписни фотографии од Македонија, Германија и Франција, полни со колоритни импресии и урбани мотиви.
 
22:00 - КОНЦЕРТ - Fanky Pumps
ДЕТСКИ КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР - КАРПОШ
ФЕСТИВАЛ - „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“
 
18:00 - Детскиот Креативен Центар - Карпош, настап на вокални интерпретатори од:
            Хрватска, Албанија, Полска, Бугарија, Украина, Турција и Србија.
18:00 - Општината Карпош - Т.Ц. „Лептокарија“, ќе настапат детските ансамбли од Полска и
            Хрватска и групата “Етнос”.
18:00 - Општината Аеродром - Т.Ц. „Бисер“, ќе настапат детските ансамбли од Украина и
            Србија и групата “Карпош”.
19:00 - Општината Кисела Вода, - сала Расадник, ќе настапат детските ансамбли од Украина
            и Полска и групата “Карпош”.
14:00 - 18:00 - Ј.Х. ПЕСТАЛОЦИ
Урбани, визуелни интервенции во дворот на основното училиште Ј.Х. ПЕСТАЛОЦИ.
Организатор: Борис Петровски
 
КУЛТУРЕН ЦЕНТАР - ТОЧКА
-ПРИЗРАЦИТЕ НА СКОПЈЕ - ЈОВАНОВИЌ ЃОРЃЕ
Инсталација составена од 6 табли (објекти) поставени во централното градско подрачје. На секоја од нив е претставен по еден измислен карактер (призак) и текст (во форма на расказ) кој го врзува карактерот и локацијата на која се поставени таблите. Со делото “Призраците на Скопје„ Јовановиќ сака да укаже на нашата незаинтересираност кон процесите што се случуваат во нашиот град, а еден од тие процеси е уништувањето на спомениците и јавните културни простори...
Резултат на тоа уништување е и заборавот на кој му се препушта историјата на
градот. Проектот, “Призраците на Скопје„ е една од можните, една од паралелните топографии и истории на градот...
 
-ШКАРТ - УЛИЧНИ ПЕРФОРМАНСИ - ДРАГАН ПРОТИЌ - Р. СРБИЈА
6 мажи—везилки, (со помош од неколку нивни колеги од Скопје) во текот на денот би извршувале акции-везење, на јавни места: центарот на градот, на автобуските станици, камениотмост, Бит-Пазар, ресторани..
На крајот на работата, везовите, низ личните приказни на мажите-везилки и објаснување на извезеното ќе бидат јавно претставени во “Точка”, заедно со прикажување на документарецот за проектот “НОВИ ГОТВАЧКИ”, филм на Себастијан Бодирски од Берлин.
 
20:00 - ФИЛМСКА ПРОЕКЦИЈА:
  • ШКАРТ - Р. Србија
  • НОВИ ГОТВАЧКИ - Sebastian Bodirsky, Р. Германија 
20:30 - ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОВИ ОД НАДА ПРЉА
  • Glass Factory (1952 - 1994, revisited 2007)
  • EURO
  • Give to take 
CHECKPOINT CHARLIE CAFE
21:00 - УМЕТНОСТА НА АДВЕРТАЈЗИНГОТ
Чекпоинт Чарли ќе се фокусира на уметноста на создавањето на  адвертајзингот, неговиот развој и усовршување. Токму затоа, во Бела Ноќ на скопјани и нивните гости од целиот свет, ќе им ги претстави најдобрите светски телевизиски реклами на сите времиња.
Нашите гости не само што ќе можат да го видат развојот на адвертајзингот, туку и сите негови резултати кои ја менувале нашата перцепција за одредени производи.
Посебен дел ќе бидат и македонските реклами кои освоиле важни меѓународни
награди за својата креативност, естетика и уметност.
 
23:00 - КОНЦЕРТ - ПЕПЕРМИНТ - БОСА НОВА
АРТ 108 - Стара Скопска Чаршија
 
20:30 - “ВИЕНА ВО СКОПЈЕ” (SIDEWALKCINEMA FESTIVAL)
Програмата “Виена во Скопје“ е избор на австриски видео дела од “sidewalkCINEMA“ фестивалот.
Неколку проекциони локации во Скопје се избрани за да ја придобијат мобилната публика. Надворешниот простор се претвора во отворено кино и им овозможува на гледачите едно ново филмско искуство.
Планирани се две локации за прикажување на видеата. Едната од нив е на ул.
“Македонија” во кафе барот “Тренд” и во “АРТ 108” до црквата Свети Спас под
Кале.
Куратор: Бернадет Руис
 
КЛУБ ТРЕНД
20:30 - “ВИЕНА ВО СКОПЈЕ” (SIDEWALKCINEMA FESTIVAL)
Програмата “Виена во Скопје“ е избор на австриски видео дела од “sidewalkCINEMA” фестивалот.
Неколку проекциони локации во Скопје се избрани за да ја придобијат мобилната публика. Надворешниот простор се претвора во отворено кино и им овозможува на гледачите едно ново филмско искуство.
Планирани се две локации за прикажување на видеата. Едната од нив е на ул.
“Македонија“ во кафе барот “Тренд” и во “АРТ 108” до црквата Свети Спас под
Кале.
Куратор: Бернадет Руис
 
КЕЈ “13 НОЕМВРИ”
17:00 - 20:00 - ТРЕТ ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО STREETBALL ПОМЕЃУ СРЕДНИТЕУЧИЛИШТА НА ГРАД СКОПЈЕ.
 
20:00 - ”ВИЗИЈА-М”, СТАРА СКОПСКА ЧАРШИЈА
РОМИР ИМАМИ, МАКЕДОНИЈА И МАИКЕ ФЕКЕС, ХОЛАНДИЈАИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ НА ТЕМА ЊУЈОРК
 
За издавачот:
 
ОРГАНИЗАТОР: Младински Културен Центар
Директор: Борис Момироски
ПРОЕКТ МЕНАЏЕР: Тања Балаќ
АСИСТЕНТ ПРОЕКТ МЕНАЏЕР: Нада Пешева
ПРОГРАМСКИ КООРДИНАТОР: Христијан Панев
РЕЖИСЕР: Бојан Трифуновски
ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ДИЗАЈН: Александар Прибичевиќ
ТЕХНИЧКА ПОДГОТОВКА НА ДИЗАЈН: Жарко Апостолски
КО-ОРГАНИЗАТОРИ:
МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ: Јован Шурбановски
КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР: Златко Стефковски
УНИВЕРЗАЛНА САЛА: Душко Поповски
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА - МАЛА СТАНИЦА: Маја Крстевска
ЗООЛОШКА ГРАДИНА: Анастас Петров
ДОМ НА КУЛТУРА - КОЧО РАЦИН: Петар Гичаровски
БИБЛИОТЕКА - БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ: Филип Петровски
ДЕТСКИ КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР - КАРПОШ: Богдан Андријевски
КУЛТУРЕН ЦЕНТАР - ТОЧКА: Роберт Алаѓозовски
ОРГАНИЗАТОР НА ШКОЛКА - ГРАДСКИ ПАРК: Оливер Стефановски
JBL: Благоја Ристов
CHECKPOINT CHARLIE: Ели Пешева
КЛУБ ТРЕНД: Гроздан Георгиевски
ART 108: Гораст Цветковски и Висар Едеми
АРТ КАФЕ - МАЛА СТАНИЦА: Сузана Милевска
Благодарност до Францускиот Културен Центар – Скопје
Преку културно - уметничка агресија, градот Скопје им оддава почит на жртвите од секојдневниот монотонизам*.
*Монотонизам - состојба на духот произлезена од секојдневното загадување со политика, трачеви, идиотизам и кич (н.з.)
 
Назад   

Креиран од sofka на 24.09.2007
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ

Facebook

Twitter

Youtube Channel

FUPOL

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 5622077