MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ОКОЛУ 1. 600 ДОМАЌИНСТВА АПЛИЦИРАЛЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕРИ

Град Скопје ги информира граѓаните дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за набавка на инвертери за 2019 година, односно до денеска до 15 часот се пристигнати околу 1. 600 барања.

Со ова, условот за завршување на јавниот повик на Град Скопје е исполнет, а барањата на граѓаните за надоместување на дел од трошоците за набавка на инвертери за 2019 година  вработените во архивата на Град Скопје утре нема да ги примаат.

Со јавниот повик Градот Скопје на граѓаните што имаат купено инвертер  од 1 јануари 2019 година до денот на завршувањето на повикот ќе им исплати субвенции  во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Овој повик се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Право на субвенционирање на дел од средствата за купување на инвертери во 2019 година имаат физички лица кои се жители на Град Скопје (општините во градот: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари) и кои имаат купено инвертер по 1 јануари 2019 до денот на завршувањето на повикот и поднесоа барање за надоместување на дел од трошоците за негова набавка.

Субвенционирањето на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување  е активност предвидена во мерките од Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и е дел од мерките на Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје.

 

Назад   

Креиран од admints на 10.09.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13221579