MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДИВАТА ДЕПОНИЈА ВО БУТЕЛ

Инспекторат на Град Скопје во соработка со МВР, ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Улици и патишта“ денеска почна голема акција за расчистување на дивата депонија на улица „Александар Урдаревски“ во општина Бутел.  

 

Оваа дива депонија беше лоцирана при вонреден инспекциски извршен на 26.07.2019 година. На лице место беше констатирано незаконско депонирање на комунален отпад, градежен шут и земја. За оваа дива депонија за првпат во историјата на Град Скопје е поднесена кривична пријава за неовластено фрлање смет врз основа на Кривичниот законик.

 

Акцијата на расчистување на дивата депонија и враќање на теренот во првобитна состојба почна денеска бидејќи не се пристапи со извршување на издаденото решение и рокот за расчистување од Градскиот инспекторат, а лицето против кое е поднесена кривична пријава ќе ги сноси трошоците за расчистувањето на дивата депонија.

 

Засилените контроли на Градскиот инспекторат ќе продолжат и во наредниот период со цел спречување на несовесно постапување со отпадот и создавање на диви депонии кои ја загрозуваат животната средина.

Назад   

Креиран од admints на 10.08.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13080336