MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПОЧИСТО СКОПЈЕ – ИМПЕРАТИВ И ДОЛЖНОСТ ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ И ЗА ГРАЃАНИТЕ

 

Расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење гранки и косење трева, пополнување ударни дупки и засилени инспекциски контроли – овие активности ќе ги опфати големата акција за чистење и уредување на јавните градски површини која ќе се одвива утре и задутре, а ќе ја реализираат Град Скопје, градските јавни претпријатија и скопските општини. Во текот на утрешниот ден акцијата ќе се одвива во општините Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар и Кисела Вода, а во сабота ќе се работи во Аеродром, Шуто Оризари, Гази Баба, Чаир и во Бутел.

- Во оваа акција ќе се вклучат сите технички и човечки потенцијали во јавните градски претпријатија, помогнати од градската администрација и општините. Ги повикувам сите граѓани кои се заинтересирани да живеат во почист и поубав град да се приклучат на оваа масовна акција – рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција, на која ја најави акцијата за расчистување.

Тој нагласи дека по оваа акција за чистење ќе следува засилен инспекциски надзор и од градот и од општините, со цел да се спречи повторното создавање диви депонии на истите места.

- Повикувам граѓаните да се придржуваат кон начинот и редот на фрлање на отпадот. Ние работиме на концепт кој во текот на август ќе го понудиме на граѓаните – на 3 до 5 локации во точно определени денови во нивните општини, значи на повеќе од 50 локации во нашиот град, граѓаните ќе може слободно и бесплатно да го остават кабастиот отпад. Сите треба да внимаваме каде го фрламе отпадот за нашиот град да стане и почист и поубав – рече Шилегов.

На денешната прес-конференција присуствуваа и градоначалниците на повеќето скопски општини, како и директорите на скопските јавни претпријатија.


Назад   

Креиран од admints на 25.07.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13080231