MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Утре
ПРИВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи на дел од булеварот „Партизански одреди“, утре (14.07.2019 година, недела) ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Поради нанесување на завршен асфалтен слој на дел од трасата на булеварот „Партизански одреди“ од мостот „Обединети Нации“ до ул. „Московска“, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од булеварот од кружниот тек кај Порта Влае до крстосницата со улица „Московска“ (кај ТЦ Сити мол), во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар. По трасата во спротивниот правец сообраќајот ќе се одвива непречено.

Времениот режим ќе се реализира доколку тоа го дозволат временските услови за извршување на асфалтирањето, а истото ќе биде во сила до завршување на градежните активности.

За време на привремениот режим, автобусите на ЈСП кои сообраќаа по овој дел од бул. „Партизански одреди“, ќе се пренасочат преку ул. „Адолф Циборовски“ и бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“, а ќе се вратат на нормалната траса преку ул. „Московска“.

Асфалтирањето се врши во рамките на проектот за реконструкцијата на коловозот на дел од булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со булеварот 8.Септември до мостот „Обединети нации“, на должина од два километри.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Назад   

Креиран од UserAA на 13.07.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13080228