MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ШИМПАНЗОТО КОКО СЕ ВРАТИ ДОМА

 

 

   

Познатото шимпанзо Коко кое 10 години се ресоцијализираше во Холандија  повторно е во својот дом, во скопската Зоолошка градина. Коко во Скопје пристигна вчера со уште три шимпанза - Мими, Роси и Хјасл со кои ќе го дели живеалиштето. На денешната прес-конференција на која присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, дел од тимот на AAP Animal Advocasy and Protection, каде што Коко престојуваше изминатата деценија и зоо-негувателите кои го чуваа Коко пред да замине за Холандија, беа соопштени сите детали за шимпанзата - нивните приказни, навики и карактеристики, а беше промовирано и новото живеалиште каде што тие ќе живеат.

 

   

- Новото живеалиште за шимпанза ги исполнува сите европски стандарди, што беше и еден од условите за нивното доаѓање во Скопје. Континуирано ја збогатуваме понудата на Зоолошката градина – лани пристигнаа слоновите, а сега работиме на тоа да донесеме фламинга и пингвини. Најдоцна до следната пролет овде ќе биде отворен дино-паркот. Градот Скопје сериозно инвестира во Зоолошката градина, а граѓаните тоа го препознаваат, па посетата во одредени периоди стигнува и до 30.000 посетители. Во изминатиов период преку јавните претпријатија работевме на уредување нови патеки, а за првпат по 15 години го исчистивме големото езеро со цел да создадеме подобри услови за живот на животните, а на граѓаните престојот во Зоолошката да им биде попријатен. Зоолошката градина полека станува заштитен знак на Скопје – рече денеска градоначалникот Шилегов.

 

   

Живеалиштето за шимпанзата има голем внатрешен и надворешен дел и е збогатено со голем број реквизити. Коко, Мими, Роси и Хјасл од карантинот денеска беа префрлени во големиот внатрешен објект и се запознаа со својот нов дом.


Назад   

Креиран од adminvm на 11.07.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12980777