MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ГРАД СКОПЈЕ СЕ ВКЛУЧУВА ВО КАМПАЊАТА „ЛЕТО БЕЗ ПОЖАРИ“

Одделението за превенција при СВР Скопје почна кампања „Лето без пожари“ со активности на паркингот на Средно Водно. Кампањата се одвива во соработка со Град Скопје, Противпожарната бригада на Град Скопје и Црвениот крст на Град Скопје, Општина Карпош и ЈП „Паркови и зеленило“ со цел превенција од пожари на отворено во летниот период.

 

- Градот Скопје активно се вклучува во кампањата „Лето без пожари“. Апелираме за внимателност при движење во шумите, како и при движење на отворени простори заради превенција од пожари, предизвикување на општа опасност и загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните, да не се фрлаат догорчиња и отпушоци на отворен простор, да не се пали оган на отворено,  со што заедно ќе придонесеме за зачувување на шумите и истите да ги оставиме во наследство на идните генерации – изјави портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

 

Од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје ќе се направи обука и симулација на гасење на шумски пожар на вработените од Паркови и зеленило на Град Скопје и заинтересираните граѓани и рекреативци.

 

Полициски службеници ќе остваруваат средби со рекреативците посетители на ,,Парк шумата Водно”. По случаен избор ќе запираат патнички моторни возила и на возачите ќе им се укажува за можните ризици од појавата на пожар, штетите од евентуалната појава на пожари на отворено и укажување од можните последици од палењето на оган на отворено.

 

Активностите ќе продолжат во летниот период преку остварување средби со граѓани и следење на состојбата на терен, превентивно делување со цел намалување на предизвикани пожари од невнимание.

Назад   

Креиран од UserAA на 07.07.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13080218