MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
 

 

Екипите на Град Скопје ја почнаа реконструкцијата на улицата Ѓорче Петров на потегот од општинската зграда до бензинска пумпа на  Макпетрол. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот Петре Шилегов.

- Денеска ja почнуваме реконструкцијата на коловозот на дел од улицата  Ѓорче Петров во должина од околу 1. 500 метри.  Градежните работи очекуваме целосно да ги завршиме пред крајот на летото, со цел овој сериозно оштетен коловоз да го ставиме во функција на граѓаните пред почетокот на новата учебна година, а тоа значи и да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. За реализација на оваа реконструкција од буџетот на Градот се издвоени околу 50  милиони денари - изјави Шилегов.

 

 

Тој додаде дека реконструкциите на сите улици оваа градежна сезона Градот Скопје ги завршува со рекордно кратки рокови со цел да  се обезбедат  услови за одвивање на сообраќајот без создавање на сообраќаен метеж.

При реконструкцијата на улицата Ѓорче Петров, која е една од најфреквентните улици во овој дел на градот,  ќе се изврши целосно стружење на горниот оштетен слој на коловозот до 20 сантиметри на површина од 21.240 квадратни метри и ќе  се нанесе нов асфалтен слој.

 

 

Во текот на летото ќе продолжат реконструкциите на повеќе булевари и улици во надлежност на Град Скопје. Поради тоа, Шилегов уште еднаш ги замоли граѓаните, за разбирање додека траат градежните активности. Исто така, тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

 


Назад   

Креиран од UserAA на 28.06.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13080216