MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СЕ ВОВЕДУВА ПРИВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре (13.06.2019 година, четврток) поради изведба на градежни работи за реконструкција на коловозот на булеварот Партизански одреди, на потегот од булеварот 8.Септември до мостот „Обединети нации“, ќе биде воведен привремен режим на сообраќајот.

Привремениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази - во првата фаза ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на булеварот Партизански одреди, на потегот од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улицата Лондонска, во насока на движење кон центарот на градот, но нема да има промена на режимот на движење на автобусите на ЈСП.

Измената во сообраќајниот режим на овој дел од булеварот ќе важи до завршување на градежните активности за реконструкција на коловозот.

 

Назад   

Креиран од admints на 12.06.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12839014