MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

НАСКОРО НОВ АСФАЛТ И ЗА УЛИЦАТА ЉУБЉАНСКА
 

 

Екипите на Град Скопје го реконструираат коловозот на улицата Љубљанска, во општина Карпош, којашто е една од најфреквентните улици во овој дел на градот. Увид во градежните работи на оваа делница денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

 

 

 

- Улицата Љубљанска ќе ја реконструираме по целата нејзина должина од вкупно 441 метар, од крстосницата со булеварот Илинден до крстосницата со булеварот Партизански одреди. За градежните работи Град Скопје ќе потроши околу шест милиони денари. Значајно е да се нагласи дека реконструкцијата на овој потег е предвидена да заврши во рок од 20 дена, по што екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе ги реконструираат и тротоарите по должината на улицата. Ако се земе предвид и зеленилото што ќе го подигнеме на овој потег, овој дел од градот ќе стане многу попријатно место за живеење – рече градоначалникот Шилегов. 

 

 

 

Во текот на претстојното лето за реконструкција се предвидени повеќе улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје, а веќе е во тек пробивањето на три булевари кои претходно не постоеле. Поради тоа, Шилегов замоли за разбирање од граѓаните додека траат градежните работи. Тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

Назад   

Креиран од UserAA на 05.06.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13103922