MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СКОПЈЕ ГИ ПРЕЧЕКА ШАМПИОНИТЕ
  
     
  
     
  
     
  
     
  
     
  
     

 

 

Илјадници граѓани, спортски фанови и поддржувачи се собраа вчеравечер на плоштадот „Македонија“ и ги пречекаа европските ракометни шампиони – ракометарите на РК „Вардар“. Неколку часа плоштадот пулсираше со позитивна енергија и извици на поддршка, а атмосферата кулминираше кога нашите ракометни шампиони се качија на бината и го подигнаа пехарот.

Пречекот на ракометарите на „Вардар“ почна на Меѓународниот аеродром Скопје каде што слета авионот од Келн. Вардарци ги пречекаа членови на нивните семејства, многубројни новинарски екипи и навивачи. Потоа, тие со автобус на ЈСП се возеа по градските улици до плоштадот „Македонија“ каде што се случуваше централната прослава во организација на Град Скопје.

Во текот на денешниот ден, по предлог на градоначалникот Шилегов, Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување награда за ракометарите во висина од 6 милиони денари, како и средства за организирање пречек на ракометната екипа „Вардар“. Покрај наградата, се обезбедуваат средства за авионскиот превоз со чартер-лет на тимот на РК „Вардар“ до Скопје.

Назад   

Креиран од UserAA на 04.06.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12839170