MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПО 50 ГОДИНИ СРЕДНОТО ХЕМИСКО УЧИЛИШТЕ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ НОВА МОДЕРНА ФАСАДА

 

Средното училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“ наскоро ќе добие нова енергетски ефикасна фасада со што целосно ќе се промени постојниот изглед на зградата, изградена во 1969 година. На почетокот на градежните работи за реконструкција на фасадата на училиштето денеска присуствуваше градоначалникот Петре Шилегов.

 

 

- Со оваа реконструкција „Марија Кири Склодовска“ по 50 години добива нов лик, квалитетна и енергетско ефикасна фасада која ќе им овозможи на учениците и на вработените подостоинствени услови за учење и за работа. Се работи за нова структурална стаклена фасада со карактеристики на енергетски ефикасна фасада, специфична по визуелниот и естетски стил. Проектирана е модерно, од стакло и алуминиум, составена од алуминиумски композитни панели во боја, со нови челични профили и алуминиумска подконструкција. Вкупната вредност за изработка на фасадата изнесува  44.840.000 денари со вклучен ДДВ – рече градоначалникот Шилегов.

 

 

Минатата година 11 средни училишта на Град Скопје добија енергетско ефикасни фасади, а во скоро сите училишта на Град Скопје беа реализирани реконструктивни зафати согласно со нивните потреби. Во седум средни училишта, пак, беа направени тоалети за лицата со посебни потреби и беа обележани паркинг-места за лица со посебни потреби во секое училиште каде што имаше можност за тоа.

 

 

- Сите средношколци без исклучок, добија бесплатен јавен градски превоз во Скопје, а над 100 успешни спортисти средношколци и оваа година добија стипендии во висина од 3.000 денари месечно. Сакам да нагласам дека Градот Скопје и оваа година продолжува со реконструктивни активности во неколку училишта зашто вложувањето во иднината нема цена. Младите се нашата иднина и затоа заслужуваат достоинствени услови за образование, но и поттик за поголеми успеси и достигнувања – додаде градоначалникот Шилегов.

Назад   

Креиран од UserAA на 22.05.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12839181