MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ХЕРОИТЕ НА ГРАДОТ - ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО ВО СКОПЈЕ
 

 

 

Во противпожарната станица во Автокоманда денеска беше одбележан 20 Мај - Денот на пожарникарството. Свеченоста почна со постројување на скопските пожарникари, а командантот на  Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, на градоначалникот Петре Шилегов му поднесе рапорт.

Шилегов, во свое лично име и во името на граѓаните на Скопје им се заблагодари на пожарникарите за посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат вршејќи ја оваа благородна професија.

 

 


- Градот Скопје вложува во опремување и модернизација на Противпожарната бригада. Минатата година обезбедивме нов симулатор за пламени удари кој се користи за вежби преку симулација на реални услови на пожар. Беше набавен нов разгласен систем и во целост беа заменети гаражните врати. Набавени се нови изолациони дишни апарати, униформи и чевли кои ги задоволуваат сите стандарди за безбедност, а обновена е и противпожарната опрема со нови црева и арматури. Ова се само дел од тековните потреби на една модерна Бригада за противпожарна заштита. Знаеме дека оваа опрема долго време ја очекувавте и свесни сме дека вашите потреби не завршуваат тука. На Бригадата за противпожарна заштита и е потребна нова и модерна опрема согласно со европските стандарди – рече денеска Шилегов.

 

 


Бригадата за противпожарна заштита од оваа година е побогата за нови 20 пожарникари, а предвидени се и дополнителни 50-тина вработувања.

 

 

 

- На тој начин, го зголемуваме капацитетот на бригадата, а истовремено сме чекор поблизу до исполнување на европските стандарди согласно со кои пропорцијата треба да биде еден пожарникар на 1.500 жители. Вложувањата во развојот на пожарникарството не смеат да престанат. Со секое наредно вложување во техничката опрема и човечките капацитети на противпожарната бригада работиме на создавање услови за поголема безбедност на граѓаните – додаде Шилегов.

 

 


Тој нагласи дека заштитата од пожари и безбедноста на граѓаните е од витално значење за Скопје.

- Секој спасен живот на наш сограѓанин е бесценет, и без вас оваа хумана мисија би била невозможна. Продолжете да бидете наша гордост и гаранција за нашиот безбеден живот – порача градоначалникот Шилегов.

Назад   

Креиран од UserAA на 20.05.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12957399