MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НИРНБЕРГ, УЛРИХ МАЛИ
 

 

Градоначалникот Шилегов денеска /13.05.2019 година, понеделник/ оствари средба со делегација од збратимениот град Нирнберг (СР Германија), предводена од градоначалникот Улрих Мали (Ulrich Maly).

На средбата градоначалниците дискутираа за досегашната соработка меѓу двата збратимени града и истата ја оценија како одлична, каде што се реализирани голем број  проекти и активности  во областа на културата, младинската и спортската размена, противпожарната заштита и животната средина.

Ова е повратна средба на градоначалникот Мали, откако минатата година градоначалникот Шилегов беше во дводневна работна посета на Нирнберг каде што Градот Скопје учествуваше на 14-от Безграничен фестивал на збратимени градови.

 

 

 

 

Минатата година делегација од Градот Нирнберг беше во посета на Град Скопје и донираше плоча и дрво од видот Гинко, кое беше симболично засадено на локацијата од која беше отстранет диво поставениот споменик на Андон Лазов – Ќосето.

Делегацијата од Нирнберг денеска присуствуваа и на официјалното доделување на донација на градинката „8 Април“ во Општина Шуто Оризари, а подоцна делегацијата треба да ја посети и канцеларијата на „Урбана лабораторија на Скопје“ (Skopje Urban Living Lab) во  Старата скопска чаршија, која е отворена во рамките на европскиот проект „РОК“ – Регенерација и оптимизација на културното наследство во креативните градови (ROCK).

Соработката меѓу Скопје и Нирнберг датира од 1963 година, кога овој град се вклучи во помошта за Скопје по катастрофалниот земјотрес, додека официјалното потпишување на договорот за збратимување на Скопје и Нирнберг се случи во 1982 година.

Назад   

Креиран од UserAA на 13.05.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13103711