MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

BТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ЗАПОЧНУВА СО ПРОЧИСТУВАЧ ВО СЕКОЈА УЧИЛНИЦА

 

Во текот на изминатиот месец  Градот Скопје во сите 23 средни училишта, во секоја училница,  постави прочистувач на воздух, односно вкупно 572 прочистувачи. Овие прочистувачи ќе им овозможат на учениците наставата во второто полугодие од учебната 2018/2019 година да ја следат во простории со прочистен воздух, што е особено важно во денови на зголемено загадување на воздухот во градот.

 

Тргнувајќи од фактот дека  учениците поминуваат околу една третина од денот во училишните простории и дека таа млада популација е движечка сила на општеството, Градот ги набави прочистувачите на воздух. Средношколците заслужуваат да учат во подобри услови и затоа се  инвестира во секој сегмент од нивното образование, се создаваат можности за непречено функционирање во училишниот систем и се создаваат услови за унапредување на квалитетот на образовниот процес.

 


Градот Скопје е единствената единица на локалната самоуправа која обезбеди прочистувачи за воздух за секое свое училиште и за секој средношколец, а за оваа инвестиција од Буџетот издвои околу 11 милиони денари.

Градската администрација перманентно работи на создавање услови за здраво живеење, бидејќи граѓаните на Скопје заслужуваат да живеат во модерна престолнина која ќе им гарантира квалитетен живот.

Назад   

Креиран од UserAA на 20.01.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.06.2019 РАСПИШАН ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12618554