MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ГРАД СКОПЈЕ СО ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА 231 ПРОЕКТ ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА

 

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво  на  други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2019 година. На конкурсот што беше распишан на 15.10.2018 година пристигнаа 411 комплетни апликации.

Пристигнатите апликации беа оценети од шест стручни комисии, составени од претставници на Град Скопје и претставници од културните институции на Градот.

 

Тие водејќи се според критериумите и насоките наведени во објавата на конкурсот, одлучија Град Скопје да поддржи 231 предлог проекти, односно 56% од пристигнатите пријави. Од поддржаните предлог проекти по 46 им припаѓаат на музичката уметност и изведбените уметности; 43  областа на визуелните уметности и уметност на нови медиуми; 54 проекти од издавачката и од библиотечната дејност, 13 од музејската дејност и промоцијата на културното наследство и 29 проекти кои опфаќаат меѓународна соработка.

 

За овој конкурс, градот издвои 16 милиони денари. Проектите што ќе се реализираат на јазици на заедниците, Град Скопје ги поддржа со 29% од вкупно предвидените буџетски средства.

Оваа година, Град Скопје посебен акцент стави на поддршката на младински и на студентски проекти.

 

Градот Скопје ја продолжува праксата воведена минатата година за објавување на резултатите од Конкурсот со цел поголема транспарентност и отчетност, доставувајќи ја во прилог листата на поддржани проекти.

Решението за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2019 година може да се види на следната интернет врска  -

http://skopje.gov.mk/newimg/Kultura/Lista%20na%20proekti%20kultura%20poddrzani%20od%20Grad%20Skopje%20vo%202019%20godina.pdf



 


Назад   

Креиран од UserAA на 18.01.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.06.2019 РАСПИШАН ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12614520