MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

29.01.2019

Град Скопје денеска го распиша Јавниот повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2019 година, наменети за финансирање програмски активности на здруженија и фондации.

Средствата од Буџетот на Град Скопје во вкупен износ од 3.500.000 денари, ќе се користат за финансирање програмски активности на здруженија и фондации, преку грантови за проекти од областа на образованието насочени кон следниве приоритети:

 

1. Креирање безбедни училишни средини (Психосоцијална помош на членовите на училишната заедница за справување со насилството преку обезбедување стручна поддршка за доследна примена на донесените механизми и протоколи за работа, како и промоција на позитивен вредносен систем).

2. Подигање на свеста и грижата за животната средина преку формирање мрежа на училишни еко клубови, како и преку унапредување на соработката и поврзаноста меѓу наставниците, учениците, експертите од областа на животната средина и јавните претпријатија на Град Скопје во воспоставување организиран систем за селекција на отпад, како и спроведување на континуирани акции за разубавување на животната средина. 

3. Едукација и промоција за градење на здрави животни стилови кај младите преку јакнење на свеста кај средношколците и пошироката јавност за личната одговорност во заштитата на сопственото физичко, психичко, сексуално и репродуктивно здравје. Специфична цел на проектот ќе биде да ја унапреди соработката меѓу наставниците, учениците и експертите од областа на здравјето во реализација на конкретни активности кои ќе придонесат за градење на здрави животни стилови кај младите.

4. Истражувања и промоција на ученичките права, слободи и различности со цел да се иницира дебата меѓу младите луѓе на теми кои се релевантни за нивните идентитетски преокупации и да се даде стручна поддршка и помош поврзана со оваа проблематика.

5. Поттикнување на индивидуалниот кариерен развој на учениците и давање дополнителна помош и поддршка на наставниците и учениците во активностите за планирано насочување  и градење кариера на учениците.

6. Организирање манифестации на кои ќе се презентираат училишните постигнувања, ќе се промовираат најдобрите ученици и ќе се претстават резултатите на воспитно-образовната дејност пред пошироката јавност.

 

Рок за поднесување на пријавите е 15 работни дена од денот на објавувањето во дневните весници, односно истиот ќе трае од 09.01.2019 до 29.01.2019 година. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса: Град Скопје, Сектор за образование, бул. “Илинденска“ бр.82, 1000 Скопје  или во архивата на Град Скопје до 15 часот (со назнака-Сектор за образование  – Пријава за јавен повик).

 

Целиот јавен повик може да се види на следната интернет врска.

 

Пријавата може да се преземе на следната интернет врска.

 

Образец за предлог проектот може да се преземе на следната интернет врска.

Назад   

Креиран од UserAA на 12.01.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.06.2019 РАСПИШАН ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12496923